29 C
Shtip
spot_img

ФК Брегалница со ретро најава за почетокот на новата сезона во ПМФЛ

Во петок, 24.07.2026 официјално започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на штипска Брегалница, првото коло го игра во сабота, со почеток од 17:00 часот на националната арена “Тодор Проески” во Скопје против шампионот од минатата сезона, скопски Вардар.

Раководството на штипскиот прволигаш со ретро слика и текст го најави дербито, кое секогаш буди посебни емоции. Ривалитетот помеѓу Вардар и Брегалница датира многу одамна и дуелите помеѓу овие две екипи се секогаш повеќе од интересни.

Од таборот на штипските сини, после низа турбуленции, најавија дека во клубот потпишаа неколку прволигашки фудбалери, а костуот од минатата сезона остана. Во текот на периодот што следи, се очекуваат и неколку интернационални засилувања.

━ повеќе содржини

Затвореник од штипскиот затвор заврши во болница по тепачка

Во затворот во Штип се степале затвореници едниот од нив е пренесен во болница. - На 21.07.2026 во 22:52 часот во СВР Штип, од Казнено...

Ветер од 134 км/ч беснеел вчера во Штип!

Според мерењата, на автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот бил регистриран оркански удар на ветер со максимална брзина од 134 км/ч, со...

Штипската планинарка Билјана Донева го освои Мон Блан!

Планинарката Билјана Донева од Штип со големо спортско достигнување, откако успеа во неколку дена да искачи три големи врвови. На 16 јули, Донева на Монте...

Иницијатива за основање професионален театар за деца и млади во Штип

Во Источниот Регион на Македонија, единствен професионален театар е Народниот театар-Штип, кој повремено реализира претстави за деца, а веќе тринаесет години постои и фестивалот...

УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти – идните студенти веќе можат да се пријават електронски

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе...
spot_img