3.1 C
Shtip
spot_img

Цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари, „Пастрмајлијада“ на 18 и 19 септември

Штипската „Пастрмајлијада“ и годинава ќе се одржи на две локации, со богата музичка програма, а на гостите ќе им се понуди и познатиот гурмански бренд пастрмајлија. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека  манифестацијата ќе се одржи во петок и сабота, на 18 и 19 септември, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион. Тој истакна дека поучени од минатогодишното издание штипските пастрмајлии ќе се продаваат на двете локации, во унифицирани објекти. 

– И оваа година очекуваме илјадници посетители, гости од страна, од околни држави и градови, да ги посетат угостителските објекти, да ја вкусат најдобрата пастрамајлија во градот домаќин Штип. Да бидат на настанот на сите случувања кои се поврзани на овогодинешното издание на две локации, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на  Градскиот стадион. Од аспект на промоција на кулутра секако оваа манифестација има забавен карактер и дека граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма и верувам и дека и овој пат ќе се покажеме како добри домаќини – изјави Јорданов.

Тој посочи дека во делот на сообраќајот  се организираат повеќе паркинг површини, ќе има измени во сообраќајниот режим,со цел сите гости бидат соодветно пречекани и навремено да можат да стигнат до самата локација, каде што се одржува манифестацијата.

 Жељко Јоксимовиќ, Лара Ивановска, Таско и Сара Јо се меѓу музичките имиња кои ќе настапат на годинешната „Пастрмајлијада“. Во сабота на Градскиот стадион ќе настапат и Јован Јованов и Елвир Мекиќ, пред централниот концерт на Јоксимовиќ. 

– Во петокот официјално е планирано започнување со традиционалното сечење на штипската пастрмајлија во 13 часот, а остатокот од денот ќе има богата музичка програма се до полноќ. Планирано е да има во петокот културно-уметнички друштва, ДЈ програма и како се приближува вечерта стигнуваме до концертот и забавниот карактер на настанот. Како главни имиња првата вечер на Пастрамалијадата на локацијата шеталиште „Ванчо Прќе“ предивдено е да настапат од нашата домашна музичка сцена добро познатти Лара Ивановска и Таско и од Србија познатата артиска Сара Јо, вели Горан Арсовски кој е дел од организацијата на манифестацијата.

Тој додаде дека во сабота  на шеталиштето „Ванчо Прќе“, настаните ќе започнат од 11 часот, а потоа во 19 часот манифестацијата се сели на Градскиот стадион, каде главна ѕвезда е Желјко Јоксимовиќ, а пред него ќе настапат македонските познати пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари, и покрај зголемените трошоци. За закуп на штандови се пријавени повеќе од 30 угостители, со цел специјалитетот да биде достапен за што поголем број посетители.

━ повеќе содржини

Конзервација и реставрација на Акрополот на тврдината Исар во Штип

Со инвестиција од 94,7 милиони денари од Владата, во Штип се реализира проектот за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на Акрополот на тврдината Исар. Проектот...

Голот од корнер “ја прели” чашата. Јашар повеќе не е голман на Брегалница!

Амир Јашар повеќе нема да го брани голот на Брегалница. Иако сè уште се очекува официјална потврда од клубот, според информациите од Штип, разделбата...

Од денес семафори и наизменичен сообраќај поради санација на оштетен мост на експресен пат Штип-Радовиш, клучка Бучим

СТРАБАГ АГ Подружница Страбаг Скопје преку АМСМ известува дека денес од 24.11.2026 (вторник) на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на клучка Бучим ќе се...

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...
spot_img