Планинарката Билјана Донева од Штип со големо спортско достигнување, откако успеа во неколку дена да искачи три големи врвови.
На 16 јули, Донева на Монте Роса во Италија го искачи Корно Неро кој е висок 4.321 метри, потоа беше искачи и Паротшпиц висок 4.434 метри, додека пак на 19 јули планинарката Билјана Донева успеа да го освои Мон Блан висок 4.810 метри, највисокиот врв на Алпите и Западна Европа.
Од планинарскиот клуб „Лисец“ од Штип посочуваат дека се горди на Донева, што е дел од нивниот клуб и за овој голем успех, притоа нагласувајќи дека овој резултат е потврда на нејзината посветеност, истрајност и одлична физичка подготвеност, но и големата љубов кон планината.
Градот под Исарот може да биде горд на уште еден голем спортски успех, овој пат на планинарката Билјана Донева.







