15.3 C
Shtip
spot_img

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички сведоштва, културни и уметнички настани, младински активности и дискусии посветени на теми поврзани со работничките и женските права.

Организатор на „Текстилијада 10“ е здружението „Гласен Текстилец“, а годинава јубилејот е посветен на десет години работа, борба, солидарност и промени, со фокус на достоинствената работа, економското зајакнување на жените, работничките права и создавањето подобри услови за живот и работа.

Во текот на трите дена ќе се соберат работници, претставници на институции, синдикати, граѓански организации, како и домашни и меѓународни партнери, кои ќе разговараат за постигнатото во изминатата деценија, но и за предизвиците што остануваат.

Посебно внимание ќе биде посветено на економската сигурност, женските и работничките права, платата за живот и достоинствениот труд. Дел од програмата е посветен и на културата и уметноста, преку кои ќе бидат претставени луѓето, приказните и заедничките искуства што ја одбележаа „Текстилијада“ во изминатите десет години.

Програмата започнува на 1 октомври, во 10:30 часот во ООУ „Тошо Арсов“, со поставување на муралот „Наши права, наша иднина“ и прес-конференција. Вечерта, од 19 до 21 часот во Домот на млади, ќе се одржи културната дебата „Иницијатива за отворање на професионален театар за деца и млади во Штип“.

На 2 октомври, од 10:30 до 13 часот во хотел „Оаза“, ќе се одржи меѓународната конференција „10 години низ очите на пријателите“, проследена со изложба на фотографии. Во 16:30 часот во Библиотеката „Гоце Делчев“ ќе се одржи литературниот настан „Наши права, наша иднина“, додека вечерта, од 18:30 до 20:30 часот во хотел „Оаза“, следува пријателската дискусија „10 години за работничките права“, со промоција на алманах и видео-сторија.

Последниот ден, 3 октомври, програмата продолжува во хотел „Оаза“ со методологија за Living Wage, односно плата за живот, од 11 до 13 часот. Од 15 до 17 часот следува работилница во соработка со ООУ „Тошо Арсов“ и промоција на весникот „Текстилец“, во Дино Парк и централното градско подрачје.

Завршницата на „Текстилијада 10“ е предвидена за вечерта, од 18 до 21 часот во Time Out, со стрипот „Супер хероините VS ВИ“, вмрежување и одбележување на успесите постигнати во изминатите десет години.

Јубилејното издание на „Текстилијада“ не е само одбележување на една деценија, туку и простор за разговор за иднината, за гласовите на работниците и за прашањата поврзани со достоинствениот труд и човековите права.

„Текстилијада 10“ е финансиски поддржана од Шведска, Olof Palme International Center и The Kvinna till Kvinna Foundation, а се реализира во партнерство со Friedrich-Ebert-Stiftung, канцеларија во Скопје.

Програмата и повеќе информации за настаните се достапни на официјалната страница на „Гласен Текстилец“.

Штип од 1 до 3 октомври ќе биде место за идеи, разговори, култура и средби, со кои ќе бидат одбележани 10 години „Гласен Текстилец“ и 10 години „Текстилијада“.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...

Шампионот Штип УГД официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!

Актуелниот одбојкарски шампион на Македонија, Штип УГД денеска се до-комплетираше со репрезентативците кои беа дел од селекцијата на Македонија на ЕП во Бугарија и...
spot_img