Пожар избувна на возило паркирано во кругот на клиничката болница во Штип. Благодарение на брзата интервенција на екипите на ТППЕ Штип, огнот веднаш бил локализиран и изгаснат, со што е спречено понатамошно ширење на пожарот.
Според првичните информации, најверојатна причина за пожарот е дефект во електричната инсталација на возилото.
За среќа, нема повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.







