На 29.07.2026 во СВР штип било пријавено дека по претходни расправии со неговата 24-годишна сопруга и нејзиниот брат М.Д.(23) од Штип, Т.Н.(30) од Штип околу 01:00 часот со дрвен предмет ја скршил влезната врата и прозорец
од куќата на мајката на неговата сопруга, по што настанала физичка пресметка помеѓу него и М.Д., која била прекината од полициски службеници кои излегле на местото.
Веднаш потоа, Т.Н. се обидел со остар предмет да го нападне М.Д, но бил спречен од полициските службеници и неговиот брат С.Н.(32), при што М.Д. искористил прилика и го удрил С.Н. кој паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
По преземени мерки, а во врска со настанот, во 01.50 часот полициски службеници ги лишија од слобода Т.Н. и С.Н. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







