Во денешната посета во Штип на министерот за одбрана Владо Мисајловски, тој најави инвестиција од 100 милиони денари за реконструкција на касарната “Јане Сандански”.
“После долги години, конечно ќе се реконструира и штипската касарна. Во периодот што следи ќе инвестираме околу 100 милиони денари во целосна реконструкција на касарната и нејзино модернизирање. Се со цел за подобро и полесно функционирање на истата.” – рече министерот Мисајловски.







