20.6 C
Shtip
spot_img

Мицкоски најавува поддршка за инвеститори за развој на македонската економија

Христијан Мицкоски, мандатар за состав на новата Влада, изјави дека идната администрација ќе приоритетизира поддршка на странските и домашни инвеститори како клучен елемент за економскиот развој на Македонија. Оваа објава беше дадена на прес-конференција одржана во Тетово, каде Мицкоски ги истакна плановите за создавање на поволна инвестициска клима.

Според Мицкоски, идната Влада ќе имплементира низа мерки со цел да привлече и задржи инвестиции кои ќе придонесат кон зголемување на работните места и подобрување на економските перспективи во земјата. „Нашата цел е да создадеме стабилна и предвидлива регулаторна средина која ќе ги охрабри танти странските така и домашните инвеститори да инвестираат долгорочно во Македонија“, изјави Мицкоски.

Додава дека Владата ќе работи на подобрување на административните капацитети, поедноставување на процедурите за започнување и водење бизнис, како и на обезбедување конкурентни финансиски и фискални стимули за инвеститорите.

Иницијативите на Мицкоски се дочекани со оптимизам од бизнис заедницата, која се надева дека овие промени ќе донесат нови инвестиции и ќе ја засилат економската стабилност во земјата. Исто така, се очекува дека овие мерки ќе придонесат кон подобрување на меѓународниот имиџ на Македонија како привлечна дестинација за инвеститори.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img