19.1 C
Shtip
spot_img

Митев: Словенија е поквалитетна, но во Копер одиме на изненадување

Македонија одигра одличен прв дел, но потоа падна и претрпе пораз од Словенија во Скопје (26-32) во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство. 

Ова е втор неуспех за нашата селекција во овој квалификациски циклус, а време за одмор нема и веднаш мора да се насочи кон следниот предизвик. Свое видување за натпреварот даде Марко Митев , кој кажа: 

„Имавме многу квалитетен старт, многу добро започнавме, но во финишот од првото полувреме пропуштивме шест гола предност. Тоа не смее да се случи на еден ваков натпревар, против ваква селекција, која пред една година играше во полуфинале на ЛОИ. Словенија е поквалитетна селекција од нас,  но ќе се спремиме добро и во Словенија ќе одиме на изненадување. Ако сакаме победа ќе мора да ги надминеме денешните грешки и да ја подобриме одбраната“, рече младиот среден бек.

Веќе в недела се игра уште еден натпревар против Словенија во Копер. Одлуката за пласманот на Европското првенство ќе падне во мај кога Македонија ѝ гостува на Естонија и ја дочекува Литванија во клучен меч.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img