29 C
Shtip
spot_img

Уставниот суд поведе постапка за Методологијата за Пописот 2021

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.

Како што соопштија од Судот, мнозинството судии оспорените одредби ги стави под сомнеж за нивната законитост а преку тоа и нивната уставност, бидејќи основано се појави сомнеж дали директорот на Државниот завод за статистика имал законски основ за донесување на оспорените одредби односно дали ги пречекорил своите овластувања и без законски основ во подзаконски акт уредувал (materia legis) законска материја.

Доколку во втората фаза, како што велат од Судот, се потврди сомнежот тоа би значело повреда на правната сигурност како фундаментален принцип на владеењето на правото и повреда на начелото на поделба на власта, бидејќи се ставил во улога на законодавец.

Подносителот на иницијативата Скендер Реџепи смета дека содржината на Методологијата има категории на населението за кои ќе се обезбедат податоци со пописот, односно категорија „вкупно резидентно население” и „вкупо нерезидентно население”, што не се предвидени во членот 6 став 1 алинеја 1, или пак со член 17 став 2 алинеја 1  од Законот за попис на населението не е предвидено директорот на Заводот за статистика да предвидува посебни категории.

Според подносителот со оспорените одредби се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност.

Дополнително, подносителот во иницијативата наведува дека е повредена еднаквоста на граѓаните како уставно загарантирана со членот 9, бидејќи само поради фактот дека некој граѓанин не се наоѓа во државата додека се вршел Пописот, му се скратуваат одредени права, меѓу кои и правото на вработување.

━ повеќе содржини

Затвореник од штипскиот затвор заврши во болница по тепачка

Во затворот во Штип се степале затвореници едниот од нив е пренесен во болница. - На 21.07.2026 во 22:52 часот во СВР Штип, од Казнено...

Ветер од 134 км/ч беснеел вчера во Штип!

Според мерењата, на автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот бил регистриран оркански удар на ветер со максимална брзина од 134 км/ч, со...

ФК Брегалница со ретро најава за почетокот на новата сезона во ПМФЛ

Во петок, 24.07.2026 официјално започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на штипска Брегалница, првото коло го игра во сабота, со почеток...

Штипската планинарка Билјана Донева го освои Мон Блан!

Планинарката Билјана Донева од Штип со големо спортско достигнување, откако успеа во неколку дена да искачи три големи врвови. На 16 јули, Донева на Монте...

Иницијатива за основање професионален театар за деца и млади во Штип

Во Источниот Регион на Македонија, единствен професионален театар е Народниот театар-Штип, кој повремено реализира претстави за деца, а веќе тринаесет години постои и фестивалот...
spot_img