Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга од Штип дека подолг период психички ја малтретирал, а ноќта на 29/30.08.2026 и физички ја нападнал.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.







