Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип. Натпреварот се игра во вечерен термин под рефлектори со почеток од 18:30 часот.
Напоменуваме дека натпреварот е прогласен од висок ризик поради немилите настани кои се случија на ланскиот натпревар помеѓу овие две екипи во Штип, како дел од второлигашката конкуренција.
Влезот чини симболични 100 денари.







