25.9 C
Shtip
spot_img

„Оскари“ 2026: Фаворити за најпрестижните филмски награди

Лос Анџелес – Сѐ е подготвено за најгламурозната ноќ во Холивуд. 98-то доделување на наградите Оскар, популарно познато како Оскари, наскоро ќе се одржи и ќе ги прослави најдобрите филмски достигнувања во 2025 година. Церемонијата, како и досега, ќе се одржи во легендарниот театар Долби во Лос Анџелес и ќе ги собере најголемите ѕвезди од филмската индустрија, а благодарение на преносот во живо, гледачите од целиот свет ќе можат да ја следат.

„Оскарите“ се ближат, а дури и последниве денови пред свеченото доделување, е прилично неизвесно кој ќе освои награда… Покрај мртвата трка за најдобри глумци, и во другите категории, сè може да се промени во последен миг.

Меѓу фаворитите за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации, и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон – со 13 можности за најпрестижната златна статуетка. И двата наслови комбинираат силна критика за социјалните прашања и содржат извонредна глума. Иако „Една битка по друга“ изгледаше како фаворит на почетокот на сезоната на наградите, особено по „Златниот глобус“, одличјата на „Изборот на критичарите“ и „БАФТА“ наградите, „Грешници“ неодамна доби дополнителен импулс благодарение на наградата за најдобра екипа на доделувањето на „Наградите на актери“.

Американата Академија за филмска наука и уметност, меѓу другите 10 номинирани за најдобар филм ги смести и „Сентиментална вредност“, „Врвниот Марти“, „Хамнет“ и „Бугонија“. Скоро сите тие се среќаваат и во категориите за режија, како и оригинално и адаптирано сценарио.

Во категоријата најдобра женска улога, Џеси Бакли е фаворит за освојување на Оскар за нејзината улога како мајката и сопругата на Вилијам Шекспир во „Хамнет“. Меѓу другите номинирани се ветеранки кои веќе барем еднаш се номинирани за други одличја. Роуз Бирн, на пр., освои „Златен глобус“ за нејзината улога како преоптоварена мајка во „Ако имав нозе, ќе те шутнев“, и Норвежанката Рената Рејнсве за „Сентиментална вредност“.

Категоријата за најдобра машка главна улога останува најнепредвидлива. Пред сѐ, прв фаворит беше Тимоти Шаламет, кој освои „Златен глобус“ и награда „Избор на критичарите“, но „БАФТА“ и „Наградите на актери“ внесоа неизвесност – и Роберт Арамајо и Мајкл Б. Џордан освоија признанија. Во таа смисла, и Вагнер Моура за „Тајниот агент“ освои награди во Кан и „Златен глобус“, па ни тој не треба да се заборави.

Иако се сметаше за фаворит за „Оскар“, Тимоти Шаламе се најде во своевиден скандал по неговата изјава дека операта и балетот се застарени и непривлечни, коешто привлече бројни негативни критики, па според многумина, поради ова би можел да остане без наградата.

Трката за најдобра споредна женска улога е традиционално непредвидлива. Тејана Тејлор беше раниот фаворит за улогата во „Една битка по друга“, но Ејми Мадиган („Момент на исчезнување“) и Вунми Мосаку („Грешници“) не заостануваат.

Номинирани за најдобра споредна машка улога се Џејкоб Елорди за „Франкенштајн“, ветераните Стелан Скарсгард („Сентиментална вредност“) и Делрој Линд („Грешници“), како и претходните добитници на „Оскар“ – Шон Пен и Бенисио дел Торо за „Една битка по друга“.

Номинирани за најдобра режија се Клое Жао („Хамнет“), Џош Сафди („Врвниот Марти“), Пол Томас Андерсон („Една битка по друга“), Јоаким Триер („Сентиментална вредност“) и Рајан Куглер („Грешници“). 

Датум и време на емитување
Овогодинешното доделување на наградите Оскар ќе се одржи во недела, 15 март 2026 година, а церемонијата ќе започне еден час порано отколку во претходните години. Емитувањето започнува во 19:00 часот источно време (ET) или 16:00 часот тихоокеанско време (PT).

За гледачите во Централна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, ова значи дека емитувањето започнува точно на полноќ, во ноќта од недела кон понеделник, 16 март. Во Лондон, емитувањето ќе започне во 23 часот по локално време. Емитувањето од црвениот тепих обично започнува уште порано, давајќи ѝ на публиката увид во модните избори на ѕвездите и атмосферата пред самото доделување на наградите.

Кој е водител на Оскарите?
Церемонијата на доделување на Оскарите ќе ја води комичарот и телевизиска личност Конан О’Брајан втора година по ред. По исклучително успешното деби на минатогодишното доделување на наградите, Академијата одлучи повторно да му ја довери лидерската палка, надевајќи се дека ќе го повтори минатогодишниот успех со својот уникатен шарм и хумор.

Неговиот прв настап како водител донесе свежа комична енергија на церемонијата, а со оглед на неговото богато искуство во водење доцни ноќни емисии, публиката и овој пат може да очекува врвна забава.

━ повеќе содржини

Познатиот штипски музичар Виктор Манев – Мана ја оствари својата желба од детството – рачно изработи своја гитара!

Познатиот штипски гитарист и музичар Виктор Манев - Мана денес ни го презентираше остварувањето на неговата желба од најмали нозе - рачно да изработи...

Дали денес „Огнена Марија“ ни го носи најжешкиот ден во Македонија?

Денес, 30 јули, Македонија влегува подлабоко во новиот топлотен бран, но според актуелната прогноза на УХМР, „Огнена Марија“ сепак нема да го донесе најжешкиот...

Министерот за здравство Клековски со претставници од Светска Инвестициона банка денес во Штип!

Нов болнички комплекс во Штип за 250 илјади жители од Источна Македонија - помалку упати кон Скопје, подобра грижа за пациентите. Новата Клиничка болница...

Иван Глигоров е најновиот сегмент од мозаикот наречен прволигашка Брегалница!

Повратникот Иван Глигоров е најновата аквизиција на штипска Брегалница. Глигоров ќе ги засили офанзивните редови на "сините' и секако ќе биде од голема помош...

Од Македонија до САД и Панама: (Видео) Игор Илиевски од Штип го создаде AI продавачот на иднината!

Интервју со Игор Илиевски, креаторот на Amenexia – AI шопинг асистент кој не е само четбот, туку функционира како вистински дигитален продавач. Како ова решение им помага...
spot_img