27.6 C
Shtip
spot_img

Петок 13-ти: Историјата, митологијата и суеверјата зад најнесреќниот ден

Денот што многумина го сметаат за најнесреќен во календарот, петок 13-ти, има долга историја обвиткана со митови, суеверија и историски настани. Но, дали навистина носи несреќа или е само уште еден обичен датум?

Стравот од петок 13-ти има длабоки корени во митологијата и историјата. Една од најпознатите легенди доаѓа од нордиските митови, каде што Локи, тринаесеттиот и непоканет гостин, го предизвикал хаосот во Валхала. Игрите на Локи го убедиле слепиот бог Ходер да ја убие радосниот Балдер со стрела од имела, а неговата смрт донела темнина над светот. Така, бројот 13 започнал да се смета за злокобен.

Идејата за „злобниот број“ се јавува и во античкиот Рим. Тогаш вештерките се собирале во групи од дванаесет, а тринаесеттото место, според суеверијата, било резервирано за ѓаволот.

Историските факти исто така ја засилиле репутацијата на петок 13-ти. На 13 октомври 1307 година, францускиот крал Филипе Ле Бел наредил апсење на членовите на редот на витезите темплари. Во соработка со папата, темпларите биле обвинети за ерес, многумина подложени на тортура, а некои умреле. Овој историски настан го поврзува петок 13-ти со несреќа и страв.

Религиозните текстови исто така го поврзуваат бројот 13 со трагични случувања. На пример, последната вечера имала 13 гости, а еден од нив подоцна умрел. Некои верувања тврдат дека важни библиски настани, како убиството на Авел од Каин или почетокот на големата поплава, се случиле на петок 13-ти.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img