11.2 C
Shtip
spot_img

Најактуелните филмови и серии на Нетфликс!

Анимираниот филм „Кеј-поп: Ловци на демони“ стана најгледан филм на „Нетфликс“ во период од шест месеци, со што дефинитивно ја зацврсти својата позиција како глобален поп-културен феномен.

Според извештајот на платформата „Ват ви вачд“, кој ја опфаќа гледаноста од јули до декември 2025 година, овој наслов остварил убедливо најдобри резултати.

„Кеј-поп: Ловци на демони“ руши рекорди

Во втората половина од годината филмот забележал дури 482 милиони прегледи, при што во тој број не се вклучени првите денови по премиерата на 20 јуни. Филмот во меѓувреме освои повеќе „Златни глобуси“ и сè почесто се споменува како сериозен кандидат за „Оскар“.

За споредба, „Хепи Гилмор 2“, кој имаше премиера еден месец подоцна, до крајот на декември оствари 135,1 милиони прегледи на глобално ниво.

„Венсдеј“ и „Почудни нешта“ доминираат

Кога станува збор за серии, апсолутен победник е втората сезона на серијата „Венсдеј“, која од почетокот на прикажувањето на 6 август до крајот на годината оствари 123,9 милиони прегледи. Првата сезона заврши значително пониско, на осмото место со 47 милиони прегледи.

На второ место се проби петтата сезона на „Почудни нешта“, со 93,5 милиони прегледи, и тоа и покрај фактот што финалето беше достапно само неколку часа пред крајот на годината. Се очекува серијата да ја задржи високата позиција и во наредниот извештај за првата половина на 2026.

Интересно е што меѓу десетте најгледани серии се најдоа и првите две сезони на „Почудни нешта“ – првата на 5. место, а втората на 10. место.

Други хитови и рекорден број часови гледање

Голем успех оствари и завршната сезона на серијата „Игра на лигни“, како и серијата „Нескротлив“, која со речиси 93 милиони прегледи го обезбеди 3. место и доби зелено светло за втора сезона.

На листата се најдоа и насловите „Чудовиште: Приказната на Ед Гејн“, „Шон Комбс: Пресметка“, како и други силни адути на „Нетфликс“, иако некои од нив беа прикажани дури кон крајот на годината.

„Нетфликс“ наведува дека корисниците од јули до декември гледале вкупно 96 милијарди часа содржина, што е за една милијарда повеќе од првата половина на годината, јасен показател дека интересот за стриминг продолжува да расте.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img