12.1 C
Shtip
spot_img

Штипската кик-боксерка Викторија Варадинова ја заврши играчката кариера, продолжува како тренер

Кикбоксерката Викторија Варадинова реши да стави крај на богата професионална кариера, но штипјанката останува активна во овој спорт како тренер.

Зад себе има кариера со импресивни резултати, освоени многу медали, предизвици, повреди и успеси.

Варадинова е 15 години државен првак на Македонија во повеќе категории, зад има трето место на Европското првенство во 2017 и 2021 година, како и трето место на Светското првенство во 2018 година. Освоено петто место на Светското првенство одржано во 2020 година.

Варадинова може да се пофали и со прво место на Балканското првенство во 2019 година, а тој резултат го повтори и во 2023 година. Дури четиринаесет пати го освојуваше првото место на Европскиот куп, а дури 17 пати повтори таков успех со освоено прво место на Балканскиот куп, а зад себе има и три професионални борби.

Викторија Варадинова девет години беше репрезентативец на Македонија, го вееше македонското знаме со гордост постигнување неверојатни резултати. Како што вели Варадинова ова не е пораз, туку ова е завршена мисија. Вели дека со гордост ја претставувала Македонија, доживеала чувство на победи, чувство да се биде на врвот на пиедесталот, да се интонира химната во нејзина чест, дополнува дека доживеала се’ што може еден спортист да доживее.

Варадинова стави крај на едно поглавје, но започна друго поглавје – започна тренерска кариера која веќе ја гради две години во кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип, каде работи заедно со искусниот тренер Шенол Асанов.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img