14.3 C
Shtip
spot_img

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков награден во Молдавија

Штипскиот мотоциклист Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на меѓународна сцена. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ Европскиот шампионат, Мијалков доби специјална плакета за остварени спортски резултати во Молдавија.

– Тој во Молдавија пристигна на 13 декември, каде што беше пречекан со високи почести и богата програма, достојна за европски шампион. Во текот на посетата, Петар присуствуваше на повеќе свечени настани, а имаше можност и одблиску да се запознае со молдавската култура, меѓу кои и учество во традиционално молдавско оро – момент кој дополнително ја зацврсти симболиката на спортското поврзување меѓу народите. Свеченото врачување на плакетата се одржа во реномираната сала „Каса Алба“ во градот Унгени, каде што признанието лично му го предаде претседателот на Турската мото федерација, Хакан Ертан Пеливан. Мијалков при примањето на наградата го развеа македонското знаме, испраќајќи силна порака за успехот, трудот и достоинственото претставување на Македонија на европската и меѓународната спортска сцена, соопштија од тимот на Мијалков.

Признанието од Молдавија е уште една потврда дека спортските успеси на Петар Мијалков одамна ги надминаа националните рамки.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img