20.6 C
Shtip
spot_img

ЕВЕ КОГА ЌЕ СПИЕMЕ НАЈДОЛГО: ДОАЃА НАЈДОЛГАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА!

Зимата официјално започнува во недела, на 21 декември 2025 година, во 16 часот и 3 минути. Со овој момент започнува астрономската зима на северната Земјина полутопка, додека истовремено на јужната полутопка започнува летото.

фото: Pexels

Првиот ден од зимата воедно го носи и зимскиот солстициум – денот кога Сонцето најкратко се задржува над хоризонтот. Тоа значи дека ова е најкраткиот ден во годината, но и ноќта која трае најдолго, што за многумина е идеална можност за подолг сон и одмор.

Во овој период, утрата доаѓаат доцна, а темнината паѓа рано, што создава вистинска зимска атмосфера. Студените денови, долгите ноќи и кратката дневна светлина се карактеристични за овој дел од годината, кога луѓето најчесто избираат да поминуваат повеќе време дома, под топло ќебе, со чај или топол напиток.

Иако зимата астрономски започнува со најкраткиот ден, од овој момент па натаму денот постепено ќе почне да се продолжува, а ноќта полека ќе се скратува, иако тоа на почетокот ќе биде речиси незабележливо.

фото: Pexels

Зимскиот солстициум отсекогаш имал посебно значење во различни култури и традиции, симболизирајќи го почетокот на нов циклус на светлина, иако календарски сè уште сме на прагот на најстудениот период од годината.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img