24.6 C
Shtip
spot_img

ОК Младост УГД со максимална победа во дербито на колото, им го нанесе првиот пораз на Наковски Волеј

Одбојкарките на ОК Младост УГД ставија крај на импресивната победничка серија на ОК Наковски волеј, откако попладнево во Штип славеа со максимални 3:0 (25:22, 28:26, 25:13) во последниот натпревар од 15. коло во Првата лига – жени.
Струмичанки цели пет месеци, односно 14 кола, беа недопирливи за конкуренцијата во домашниот шампионат. Ниту еден тим не успеа да ја пронајде вистинската „формула“ за нивно запирање – сè до денешниот дуел во Штип. Младост УГД одигра зрело, дисциплинирано и во клучните моменти покажа поголема концентрација, особено во вториот сет кој го доби по драматична завршница со 28:26. Токму тој момент го скрши отпорот на фаворитот, па третиот сет мина во целосна доминација на домаќинките.
Со овој триумф, шампионатот добива дополнителна неизвесност. На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната, борбата за подобра позиција пред плеј-офот станува сè пожестока, а разликите меѓу водечките екипи се намалуваат.
Во друг натпревар од колото, Вардар ЕМ повторно се радуваше во градската пресметка против Фит Фан Волеј, славејќи со убедливи 3:0. По триумфот во осминафиналето од Купот на ОФМ 2026, вардарки уште еднаш ја потврдија доминацијата над ривалот и дополнително го зацврстија своето место во зоната што води во плеј-офот.
Со влегувањето во самата завршница од регуларниот дел, секој освоен бод може да биде пресуден. Следуваат три кола во кои ќе се кројат позициите и ќе се дефинира патот кон титулата, а денешните резултати најавуваат возбудлива завршница во елитното женско одбојкарско првенство.

━ повеќе содржини

ОД 1 ЈУЛИ ДО 31 АВГУСТ ЗАБРАНЕТО ВОЗЕЊЕ СКУТЕРИ ВО ОХРИДСКОТО, ДОЈРАНСКОТО И ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31...

Супер атрактивната Аделина Тахири во летно жешко-раскошно издание!

Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот. Луксузот во секој сегмент и е лесно...

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена

Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето...

Градоначалникот и неговиот тим не запира: Изградена пристапна улица до штипската Индустриска зона Македонка во Штип

Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите...

Се спремна духовна свеченост во сабота во Штип!

Штип на 6 јуни ќе биде домаќин на значаен духовен настан за православните верници. Според најавата од организаторите, во сабота, со почеток во 17:00...
spot_img