23.9 C
Shtip
spot_img

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот во кругот на Клиничката болница – Штип, а другото во централното градско подрачје. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, пожарите беа навреме изгаснати и не се проширија на околните возила. Првичните сомнежи упатуваат на неисправна електрична инсталација како можна причина за дел од пожарите. Пожарникарите апелираат возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на своите возила и задолжително да имаат противпожарен апарат

,,За четири дена имаме запалени пет возила, причината најверојатно е неисправна инсталација. Значи еден апел до гледачите, да ги проверуваат возилата, поточно исправноста на инсталацијата и аконската регулатива секој возач да има по еден апарат во возилото. Во последните неколку случаеви значи возилата не се во движење и се палат додека се паркирани.“, вели Ренџов

Брзата реакција на пожарникарите и навременото јавување на бројот 112, можат да спречат поголема катастрофа. Пожарникарите велат, пожарите најчесто избувнуваат во моторниот дел на возилото, каде што се наоѓа и електричната инсталација, па токму таму штетите се најголеми.

,,Па интервенцијата на двете возила беше брза, но навремено јавување на 112 и на 193 значи брзото излегување спаси поголеми катастрофи. Зависи, возилата најчесто се палат кај моторите, инаталацијата и моторот и затоа има таму најголеми оштетувања.“, рече Ренџов

Пожарникарите апелираат возачите редовно да ја проверуваат исправноста на своите возила и во секој автомобил да имаат исправен противпожарен апарат. Велат дека токму навремената реакција во првите минути може да спречи пожарот да се прошири и да предизвика поголема материјална штета.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...

Штипскиот музички двоец Duo Bright го лансираше хитот на летото!

Младите штипски музичари Марио и Кристијан од Duo Bright дефинитивно се носители на хитот на летото. "Око мое" руши рекорди на интернет, за само...
spot_img