Новиот министер за здравство на Република Македонија, Сашо Клековски во изјава за медиумите, денес најави посета на експерти од светската инвестициона банка во Штип, поточно во Клиничката Болница. Станува збор за финансиски експерти за капитални инвестиции, чија посета ќе биде запознавање со текот на активностите за изградба на новата клиничка болница во Штип.
Мисијата на Светската инвестициона банка започна денес, а веќе утре (30.07.2026) на дневен ред е посета на Штип.







