14.2 C
Shtip
spot_img

РАСТЕ ДОЛГОТ НА ГРАЃАНИТЕ КАЈ БАНКИТЕ Во април тие должеле 4,16 милијарди евра

Компаниите и граѓаните на банките во април  вкупно им должеле 8,268 милијарди евра, или долгот на граѓаните изнесува 4,168 милијарди евра, а на компаниите 4,056 милијарди евра. Вкупните депозити, пак истиот месец изнесувале 9,771 милијарди евра од кои 6,644 милијарди се депозити на граѓаните. Ова го покажуваат податоците кои ги објави Народната банка.

Граѓаните во април најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити. Тие бележат месечно зголемување од 0,9% односно од 1,1%,и годишен раст од 9,1% и од 14,0%.

Во април, автомобилските кредити забележаа раст на месечна и на годишна основа за 0,4% и 2,3%, додека кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечен раст од 0,3%, при годишен пад од 7,9%. Негативните салда на тековните сметки, во април, забележаа месечно намалување од 9,3%, во услови на годишен раст од 0,1%. Во април, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен и годишен пад од 2,3% односно 9,0%.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img