26.5 C
Shtip
spot_img

Автофагија – 24 до 36 часовен пост. Да или не?

Науката сè повеќе покажува дека телото е изградено да издржи периоди без храна – и не само да издржи, туку да функционира на многу специфичен и корисен начин.

Имено, повремениот пост – особено оној што трае околу 36 часа, предизвикува низа промени во телото што би можеле да се споредат со ресетирање на системот. Во античко време луѓето честопати останувале без храна подолг временски период, бидејќи зависеле од успехот во ловот или од достапноста на овошје за преживување.

– Сепак, денес живееме во свет на постојана достапност на храна, што радикално го промени начинот на кој се храниме – вели д-р Вики Катеначи, експерт за исхрана на Универзитетот во Колорадо.

Што се случува во телото за време на 36-часовен пост?

По само четири часа без храна, телото почнува да ги намалува нивоата на инсулин и сè повеќе црпи енергија од складираните шеќери. По осум часа гликогенот од црниот дроб и мускулите се троши, а шеќерот во крвта опаѓа. Ова го означува преминот од брзо гориво кон алтернативни извори. Околу пладне телото влегува во состојба на согорување на масти, а до 16 часот се активира автофагијата – процес во кој телото ги разградува и рециклира оштетените клетки. По 24 часа се јавува значително обновување на клетките, воспалението се намалува и телото станува почувствително на инсулин.

По 30 часа нивото на хормонот за раст нагло се зголемува – ова помага во зачувувањето на мускулното ткиво и го забрзува губењето на мастите. И кога се приближуваме кон 36. час, се јавува врвот на автофагијата – процес кој ја промовира регенерацијата на ткивата, отстранувањето на мртвите клетки и подобрувањето на метаболизмот. Накратко, телото се чисти и се обновува.

Научниците се претпазливи: дали придобивките се универзални?

Иако звучи ветувачки во теорија, научниците сепак предупредуваат да не се донесуваат заклучоци премногу брзо. Професорот Адам Колинс, нутриционист од Универзитетот во Сари, спровел сопствено истражување за ефектите од постот и открил дека поригорозните режими всушност го забрзуваат согорувањето на мастите. Сепак, тој забележува дека многу од студиите се спроведени на животни, а не на луѓе.

Џејмс Бетс, професор по метаболичка физиологија на Универзитетот во Бат, исто така нè потсетува дека многу од ветувањата за придобивките од таквата исхрана сè уште не се целосно докажани кај луѓето.
– Повеќето краткорочни студии не покажуваат драматични здравствени придобивки – предупредува Бетс, додавајќи дека телото може да има пониски нивоа на енергија за време на долгите пости, што може да ја намали физичката активност.

Медицински тим од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ размислува слично, истакнувајќи дека продолженото постење може да има спротивен ефект – наместо да согорува масти, телото може да почне да складира масти, бидејќи се чувствува како да е во состојба на „преживување“.

Заклучок: ресетирање, но со доза на разум

Иако 36-часовниот пост може да предизвика голем број регенеративни процеси, експертите се согласуваат дека тоа не е универзално решение или препорака за секого. Доколку се разгледува таков режим, тој треба внимателно да се спроведува, идеално под надзор на професионалец, особено ако има здравствени проблеми или хронични заболувања. Сепак, долгорочното здравје се базира на рамнотежа, а не на екстреми.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img