16.8 C
Shtip
spot_img

Пандев: “Стефан Ристовски не сака да игра за националниот тим додека Милевски е селектор”

Во подолгото интервју за „Fotmob.com“ Горан Пандев говореше и за ситуацијата со Стефан Ристовски, кој ја напушти репрезентацијата.

„Стапив во контакт со Ристовски уште во декември минатата година, веднаш по промената на раководството и разговарав со него, а имаше и состанок и со претседателот Омерагиќ, на кој јас не бев присутен. Му кажав дека и јас имав слични дилеми кога решив да престанам да играм за репрезентацијата во 2014 година (од ноември 2014 до октомври 2015), но Стефан има различни ставови бидејќи тој престана да игра по поразот од Англија и тоа е негова одлука да не се врати додека Милевски е селектор. Тоа е нешто што треба да го почитуваме по секоја цена. Тој е искусен фудбалер и зрел човек кој беше и наш, и капитен на Динамо Загреб, и верувам дека сè уште може многу да даде за репрезентацијата бидејќи игра на највисоко ниво. Наша должност беше да разговараме со него, но конечната одлука е негова“, објасни Пандев.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img