28.3 C
Shtip
spot_img

Јавен повик за стипендирање на млади спортисти од Општина Штип

Јавен повик за доделување на стипендии од областа на спортот!

Општина Штип ги информира сите заинтересирани ученици и нивните семејства дека е објавен Јавен повик за доделување на стипендии за ученици-спортисти од областа на спортот.

Стипендиите се наменети за:

– Ученици-спортисти кои активно се натпреваруваат во индивидуални спортови

– Ученици-спортисти кои се натпреваруваат во екипни спортови

Право на пријавување имаат ученици кои учат во основните и средните училишта на територијата на Општина Штип и се жители на Општина Штип.

Во прилог на ова соопштение можете да ги најдете:

– Линкот до јавниот повик

– Правилникот со критериуми за доделување на стипендии

Javen-povik-stipendii-sport-1-25.pdf

Ги повикуваме сите талентирани млади спортисти да аплицираат и да ја искористат оваа можност за поддршка на нивниот спортски развој. Општина Штип продолжува да вложува во младите и спортот како основа за здрав и успешен развој на идните генерации.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img