Женската репрезентација на Македонија до 18 години вчера отпатува за Романија, каде од 31 јули до 9 август ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Македонските јуниорки ќе се натпреваруваат во групата „Д“, заедно со селекциите на Данска, Грција, Велика Британија и Словачка.
Штипјската голема кошаркарска надеж Ива Колева, очекувано се најде на списокот на кошаркарки кои ќе ги бранат националните бои. И посакуваме здравје, среќа и успеси во репрезентативниот дрес.







