14.4 C
Shtip
spot_img

Проектот „Безбеден град“ ја продолжува својата втора фаза во Штип

Штип ќе биде вклучен во втората фаза на проектот „Безбеден град“, како што истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“. Тој одговараше на новинарско прашање дали камерите што општината ќе ги постави низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе бидат користени и од страна на МВР и ќе бидат дел од проектот „Безбеден град“.

„Штип е вклучен во имплементацијата на проектот на Министерството за внатрешни работи, а секоја инвестиција во зголемување на безбедноста во општините, која ќе биде финансиски поддржана од нивните буџети, е добредојдена. Камерите што ги набавуваат општините ќе бидат ставени во функција заедно со капацитетите на министерството“, изјави Тошковски.

Тошковски нагласи дека камерите што ги поставуваат општините ќе имаат различен степен на употреба и ќе не бидат поврзани со проектот „Безбеден град“. Тој додаде дека ваквите проекти, кои ги спроведуваат Штип и други општини, се од големо значење за македонските граѓани и зголемување на безбедноста, и дека Министерството за внатрешни работи ги поддржува.

Министерот Тошковски ја нагласи важноста на проектот „Безбеден град“ за подобрување на безбедноста во сообраќајот и културата на сообраќај. Овој проект е еден од најзначајните на кои МВР работи.

„Во првата фаза проектот „Сејф сити“ се имплементира во Скопје, Куманово и Тетово, а во втората фаза ќе биде спроведен низ цела Македонија. Целта е да создадеме безбедна држава. Проектот ќе опфати не само градовите, туку и автопатиштата и експресните патишта, особено оние кои претставуваат црни точки, каде што во минатото имаше голем број на сообраќајни несреќи и жртви“, додаде Тошковски.

Тошковски денеска беше во придружба на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, како и пратениците Никола Мицевски и Душко Иванов, при посетата на караванот на МВР „Од вас, за вас“.

━ повеќе содржини

Топ 10 компании со најголеми добивки во Штип за 2025 година

Езимит Капитал, дел од бизнис-групацијата Езимит, поврзана со инвестиции и винскиот бизнис, е компанијата со најголема остварена добивка од Штип за 2025. Фирмата на...

FoxTv дава 50.000 долари за навивач кој ќе ги гледа сите натпревари од фудбалскиот мундијал

Fox Sports, која со голема еуфорија влегува во проектот за Светското првенство и веќе го ангажираше Златан Ибрахимовиќ како стручен консултант, нуди 50.000 долари...

Фестивал на улична храна – 15 до 17 мај во Штип!

Подготовките на второто издание на Shtip Street Food Festival се во полн ек. Пријавувањето на учесниците е затворено, а организаторите најавуваат огромна палета на...

Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден?

Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња за на влезна врата или за на глава за...

Глобалната прослава за 100 години Ducati и во Македонија

На 9 мај 2026 година, љубителите на Ducati ширум светот ќе се обединат во рамки на традиционалниот настан We Ride As One, глобална парада која секоја...
spot_img