9.8 C
Shtip
spot_img

Штип не заборава: На 16.март на плоштадот “Ѕвездено небо за ангелите”

Штип на 16 март ќе биде обединет во тивка, но силна порака на сеќавање, почит и солидарност. Граѓаните ќе се соберат на градскиот плоштад за да им оддадат почит на сограѓаните „ангели“ кои повеќе не се меѓу нас, потсетувајќи дека и по една тешка и болна година – споменот за нив живее.
Настанот е посветен на сите жртви од страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени, а воедно ќе биде испратена и силна поддршка до граѓаните на Кочани. Организаторите нагласуваат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.
Програмата започнува во 18:30 часот со прием на гости и поставување камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај фонтаната во близина на градскиот плоштад. Потоа, од 18:40 до 19:10 часот ќе следува палење свеќи во чест на сите починати.
Во 19:10 часот ќе се одржи кратка пригодна програма посветена на жртвите, додека настанот ќе заврши во 19:30 часот со симболично „ѕвездено небо“ – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони, испраќајќи порака дека светлината постои дури и во најмрачните денови.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат и заедно да испратат порака на љубов, сеќавање и единство – затоа што, како што велат, Штип не заборава.

━ повеќе содржини

За прв пат во соседството спортски спектакл од гигантски размери: УФЦ го потврди датумот на кој доаѓа во Белград!

По месеци на шпекулации, стигна официјалната потврда – УФЦ пристигнува во Белград. Најсилната светска организација за мешани боречки вештини ќе го одржи својот настан...

Ќе ни дозволат ли временските услови да одиме на пикник за 1.мај?

Први мај – Меѓународниот ден на трудот е неработен ден за сите граѓани во земјава. Оваа година се паѓа во петок, што значи продолжен...

Премногу сол може да го забрза губењето на меморијата кај постарите мажи

Нова студија укажува на врска помеѓу исхраната богата со натриум и побрзото губење на меморијата кај постарите мажи. Во текот на шестгодишната студија, мажите...

Марс сепак не е “план Б” планетата за живот! Црвената планета не поддржува самоодржлив живот

Сегашните технолошки можности на човештвото не се ни блиску до нивото што би овозможило воспоставување автономна база на Марс, предупредуваат експертите. Сонот за колонизација...

Хакирана е платформата “Booking”! Внимавајте со резервациите!

Службата за борба против високотехнолошки криминал при српското МУП упати итно предупредување до граѓаните поради безбедносен инцидент на платформата за резервација на сместување „Booking.com“....
spot_img