20.2 C
Shtip
spot_img

УГД денес го објави конкурсот за упис на нови студенти

Со објавувањето на Конкурсот за упис на нови студенти од денес стартува и електронскиот систем преку кој заинтересираните средношколци можат да се пријават за упис на УГД.

Пријавувањето можат да го направат на следниов линк: https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/
Според Конкурсот, има преку 2000 слободни места за редовните студенти во државна квота на Универзитетот „Гоце Делчев“ на сите факултети и академии.

„Ги очекуваме младите од државата, но и од регионот. Интересни сме за студенти од целиот регион, особено за втор и за трет циклус студии. Со вмрежувањето во европските алијанси го подигнавме квалитетот на образование во сите аспекти и тоа станува препознато и надвор од државата“, истакна ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Студиските програми се реакредитирани, а дел се и нови студиски програми. Дванаесетте факултети и трите академии имаат 80 активни студиски програми.

Конкурсот за упис може да се најде на следниов линк:
https://www.ugd.edu.mk/wp-content/uploads/2025/07/konkurs-prv-ciklus-studii-1-rok-2025-26.pdf

„Како и минатите години и оваа година имаме ослободување од плаќање партиципација на поголем број студенти. На Факултетот за медицински науки првите 20 студенти ќе бидат ослободени од партиципација, по 10 ослободувања на Факултет за информатика, Земјоделски факултет, Факултет за природни и технички науки, Економски факултет, Правен факултет, Факултет за туризам и бизнис логистика, по пет ќе бидат на Електротехнички факултет, Машински факултет, технолошко-технички факултет, Факултет за образовни науки, Музичка академија. На Ликовна академија и на Филмска академија по двајца најдобро рангирани кандидати ќе бидат ослободени. На крај го оставив Филолошкиот факултет кој има многу поволности за запишување на новите студенти. Студиската програма по македонски јазик ги ослободува од плаќање студентите за сите четири години студирање. Има поволности за германски, турски, италијански и англиски јазик и книжевност. Информациите можат да се видат и во Конкурсот, каде што е наведено во кој град, која студиска програма и во кој обем е ослободена од плаќање партиципација. Да спомнам и дека студентите кои се дел од спортските екипи на УГД се ослободени од плаќање партиципација, со тоа покажуваме дека го поддржуваме и спортот. Дополнителни квоти имаме за ромските студенти кои, исто така, се ослободени од плаќање. Воедно за лица без родители, лица со инвалидност, воени инвалиди и лица раселени во домови за напуштени деца. Сите овие информации ги има и во Конкурсот“, изјави проректорот за настава, проф. д-р Мишко Џидров.

На денешната прес-конференција беше потенцирано дека има интерес и од студенти од други универзитети кои сакаат да се префрлат на Универзитетот во Штип и дека има интерес од студенти од скоро сите држави.

Универзитетот и оваа година нуди активни студиски програми на англиски јазик и тоа на Економски факултет, Правен факултет, Факултет за информатика и Медицински факултет. Акредитирани се на англиски јазик и студиските програми на Музичка академија и на Филмска академија.

━ повеќе содржини

Во сабота, ФК Брегалница го игра еден од најважните натпревари оваа сезона!

Фудбалскиот клуб Брегалница на големо се спрема и го очекува саботниот дуел против струмичка Беласица, кој според сите анализи е еден од најважните оваа...

Бесплатен Wi-Fi во паркот К’ртеќе и Дино Паркот во Штип!

Граѓаните и посетителите на град Штип од сега ќе можат бесплатно да користат јавен Wi-Fi интернет на две локации – Парк К’ртеќе и Дино...

Крај на енормно високите цени на лежалки во Грција летово!

Грција задава силен удар на неконтролираната комерцијализација на морето, воведувајќи „црвена зона“ за дури 251 плажа низ земјата. Според новите, драстично построги правила, овие...

ВО МАКЕДОНИЈА ДОМИНИРААТ СТАРИ АВТОМОБИЛИ: ПОВЕЌЕТО ВОЗИЛА СЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ПРЕД 2010 ГОДИНА!

На патиштата низ земјава доминираат постари патнички возила, при што значителен дел од автомобилите во Македонија се произведени пред 2010 година, покажуваат податоците за...

Се повреди Лозано – го чека долга рехабилитација

На пејачот Влатко Лозаноски – Лозано од пред една година животот му е посветен на синчето Марко кое е неговиот фокус. Сепак, на тато Лозано...
spot_img