10.6 C
Shtip
spot_img

Стефан Ристовски има нов клуб!

Поранешниот македонски репрезентативец и капитен, Стефан Ристовски, после долги години во Динамо Загреб, се реши да ја промени средината.

Според добро информирани извори, Стефан Ристовски е пред договор со ФК Сарајево од БиХ. Финансиските детали сеуште не се познати. Во Сараево го чека неговиот поранешен тренер Зоран Зекиќ, а од неодамна спортски директор таму е Крсте Велкоски, поранешен соиграч на Ристовски од репрезентацијата.

Ристовски има богата фудбалска кариера, тој има настапувано во Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Латина Калчо, Бари, Специја, Риека, Спортинг Лисабон и Динамо Загреб.

━ повеќе содржини

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...

Професорката на УГД Јаневиќ-Ивановска одликувана со орден во Франција

Професорката Емилија Јаневиќ-Ивановска, која предава на студиската програма по фармација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, доби значајно француско признание за својата академска и...

Вечерва: Традиционална ноќна трка по повод Денот на ослободувањето на Штип

Штип вечерва повторно ќе биде во знакот на спортот, традицијата и одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. По повод 8...
spot_img