21.7 C
Shtip
spot_img

ФИБА го „пикираше“ Луканоски: Внимавајте на ова момче!

Марко Луканоски би можел да биде еден од главните играчи не само во нашата младинска репрезентација, туку и воопшто на претстојното Европско првенство од Дивизијата „Б“ кое утре стартува во главниот град на Ерменија – Ереван.

Капитенот на македонската селекција „Под 20“ години би требало да биде еден од носителите на избраниот тим на селекторот Горан Самарџиев, а неговите игри на минатиот шампионат, оној во јуниорска конкуренција на првенството во Скопје, извесно, не останаа незабележанни од страна на европската кошаркарска јавност, вклучително и оние кои ги следат младинските евро-шампионати.

Кошаркарот кој ланската сезона ја помина во Игокеа, е еден од оние ТОП 10 играчи на кои треба да се обрне внимание, сметаат аналитичарите кои се упатени во оваа „проблематика“:

„Минатата година Луканоски беше еден од клучните играчи кога јуниорската репрезентација на Македонија го освои златниот медал на Европското првенство во Скопје беше во идеалната петорка на шампионатот со просек од 13.6 поени и скоро по 10. скока по натпревар. А со својата височина доминираше во рекетот. Способен е сам да се избори за позиција за шут, а неговите квалитети би можеле да бидат клучни за евентуално враќање на македонската репрезентација во ‘А’ Дивизијата“ – се вели на страницата на ФИБА посветена на првенството во Ереван.

Покрај нашиот центар, во изборот на играчи на ФИБА на кои треба да се „рефлекторите“ на европската кошарка во нарендите десетина дена се ставени и: Емре Мелих Тунча од Турција, Самуел Обенџо од Шведска, Нико Саре од Хрватска, Грузиецот Автандил Бахтадѕе, Фин Шот од Автрија, Црнигорецот Лука Дуровиќ, Сим Мартен Сади од Естонија, Јурис Витолс од Летонија и Данецот Никлас Полоновски.

━ повеќе содржини

Продажбата падна и дома во странство: Штипскиот Макпромет со добивка од 1,9 милиони денари

„Чунга лунга“ гумите за џвакање, киселото млеко „Кораб“, лебот и свежите печива, разните видови семиња, печатарството… му обезбедиле на Макпромет од Штип позитивен финансиски резултат од 1,906...

Ерлинг Халанд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати...

Штипскиот “Питагора” Дамјан Давков дел од тимот кој освои сребро на ИОИ во Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го...

Нов случај на семејно насилство во Штип!

Ha 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода В.Н.(40) од Штип. Според пријавеното, подолг период физички...

НОВО ВО ШТИП: Отворена е продавница за детски играчки и бебе-опрема MINOLI

Уште едно ново место во градот кое вреди да го запознаете! MINOLI е продавница за играчки и бебешка опрема, каде родителите можат да пронајдат...
spot_img