18.4 C
Shtip
spot_img

Срцето на Симон чука посилно: Докторката од Италија пристигна да го прегрне во Македонија

Во најтешките мигови се раѓаат најдлабоките врски. Тоа го покажува и приказната на младиот Симон Крстев од Штип – едно од децата што преживеа тешки повреди во трагичниот пожар во Кочани.

На 18 март, благодарение на брзата реакција и соработката со Цивилната заштита на Италија, Симон беше пренесен на лекување во Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Падова. Таму беше примен со тешка хемиска пневмонија и изгореници од втор степен.

Во тие денови на неизвесност, далеку од дома, Симон доби не само медицинска грижа, туку и топлина, љубов и човечка поддршка. На 1 април се врати во Македонија, испратен со солзи и насмевки од целиот персонал на одделението. Родителите, длабоко благодарни, ја поканија директорката на клиниката – проф. д-р Сузана Еспозито – да ги посети во Штип.

И денес, таа покана стана реалност. Професорката Сузана Еспозито пристигна во Штип и повторно се сретна со Симон – но овој пат со насмевка и благодарност во неговите очи. Тоа не беше само посета, туку симбол на човечка поврзаност која ги надминува границите.

„Симон не доби само лекување – доби и љубов во најтешките денови. Поддршката што ја почувствува беше толку силна, што денес ја донесе Проф. Еспозито тука, во неговиот дом“, напиша директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, кој и лично ѝ се заблагодари на професорката и порача дека во Македонија секогаш ќе биде добредојдена.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img