6.5 C
Shtip
spot_img

Сонце и пролетни температури – еве какво ќе биде времето денес и наредните денови

Под влијание на стабилна атмосферска состојба, денешниот ден носи претежно сончево време проследено со мала до умерена облачност на одделни места. Ќе биде присутен слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарјето повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Утринските температури ќе се движат од -4 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат вредности меѓу 9 и 16 степени.

Foto: Pexels

Во главниот град се очекува слична временска слика – сончеви периоди со умерено количество облаци и северен ветер со слаб до умерен интензитет. Температурата во Штип изутрина ќе се спушти околу нулата, а преку ден ќе се искачи до околу 14 степени.

Според информациите од УХМР, нашето подрачје и во наредните денови ќе остане под влијание на поле со висок воздушен притисок. До крајот на оваа и на почетокот од следната седмица ќе преовладува сончево време со повремена умерена облачност, со исклучок на сабота кога се очекува поизразено наоблачување. Од петок натаму, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

━ повеќе содржини

ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА: ШТИПЈАНЕЦОТ ПАНЧЕ НАУМОВ СО НОВО ПРИЗНАНИЕ, ГОСТУВАШЕ ВО КИНЕСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ

Македонскиот научник Панче Наумов (50) од Штип продолжува да ја афирмира Македонија на светската научна сцена. Минатиот месец гостуваше во Институтот за истражување на...

Почина штипјанецот Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија

Вчера во Штип почина Ванчо Коцев, поранешен пратеник во Собранието на Македонија и човек кој остави свој белег во политичкиот и општествениот живот.Веста за...

EMIGRANTI на штипјанецот Влатко Јакимов во нов сингл!

Хип-Хоп групацијата во Лондон, предводена од штипскиот музички артист Влатко Јакимов вчера го објави својот нов сингл "Татко и син" во кој Влатко настапува...

ГКК Штип се засили со бек од Соединетите Американски Држави

Новиот член на најдобрата македонска кошаркарска конкуренција ГКК Штип ги засили своите редови со бек од Соединетите Американски Држави. Се работи за 24-годишниот Лангстон Лав...

Штипјанката Ива Колева со историски деби настап во сениорската репрезентација

Историски момент за штипската кошарка! Седумнаесетгодишната Ива Колева стана првата штипјанка која добила повик во сениорската женска кошаркарска репрезентација на Македонија, испишувајќи нова страница...
spot_img