18 C
Shtip
spot_img

Горан Тонев: Никогаш не разговаравме за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот

„Пожарот настана над бината. Се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, одгоре од сунѓерот капеа капки, беше екстремно топло, имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу време. Како што гореа сунѓерите, така се топеа и кога погледнав нагоре, огнот беше над мојата глава и капеа црни капки. Имам повреди и од нив. Сунѓерот изгледаше како во музичките студија, беше во брановидна форма“, рече музичарот Тонев

Според него, од околу 50 настапи со бендот, пиротехника се користела на околу 15, но никогаш не видел која ја носи или ја поставува

Пожарот настана над бината и се ширеше екстремно брзо. Беше топло и имаше густ чад. Сунѓерите од плафонот се топеа, од каде што паѓаа црни капки. Имам повреди од нив, сведочеше на денешното рочиште од судскиот процес за кочанската трагедија музичарот Горан Тонев, кој настапувал со групата ДНК како гитарист.

Имал устен договор со клавијатуристот Филип Стевановски да биде надворешен соработник на ДНК и да свири гитара на нивните настапи.

„Тој нè организираше нас музичарите во колку часот, каде да бидеме и нè известуваше за настапите“,кажа тој.

Во својот исказ сведочеше дека вечерта не забележал кој ја поставил и кој ја активирал пиротехниката во дискотеката.

Вечерта пред настапот, во „Пулс“ пристигнал околу 22 часот заедно со тапанарот Ѓоко Ѓорѓиев, во исто време со Филип Стефановски и Александар Ларов.

„Веднаш почнавме да ја внесуваме нашата музичка опрема и се местевме на бината каде што настапувавме. По некое време пристигна и Андреј, вокалот на групата, Сара, Ана и нашиот тон-мајстор, Игор Велков. Направиме тонска проба, а потоа околу 11:30 часот, јас и Ѓоко Ѓорѓиев излеговме од локалот и се упативме кон хотелот ‘Сити ин‘ во Кочани. Се вративме после 1 часот. Во една просторија имаше храна, пици, каснавме и се упативме кон бината и почнавме да настапуваме“,рече Тонев.

Според него, пиротехничките средства веќе биле поставени пред нивниот настап.

„Кога се качивме на бината пред да настапуваме, тие веќе беа таму наместени“,вели тој, додавајќи дека ги забележувал и на други настапи, но не знае кој ги поставувал.

Според него, пожарот настанал околу 2:30 часот, кога Панчо на микрофон кажал сите да излезат надвор оти плафонот почнал да гори.

„Пожарот настана над бината. Се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, од горе од сунѓерот капеа капки, беше екстремно топло, имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу време. Како што гореа сунѓерите, така се топеа и кога погледнав нагоре огнот беше над мојата глава и капеа црни капки. Имам повреди и од нив. Сунѓерот изгледаше како во музичките студија, беше во брановидна форма“,кажа гитаристот.

Посочи дека има изгореници на дишните патишта, десното уво, вратот, лицето и на десната рака.

„Се лекував во Солун. Сè уште не можам да ја извршувам својата функција како гитарист“,вели Тонев.

На прашањето за поставувањето на прскалките и пиротехниката, рече дека имал видено Мартин како ги поместува нанапред или наназад.

„Само не таа вечер, генерално“,рече гитаристот додавајќи дека не му е познато дека тој се грижел за пиротехниката.

За тоа дали некој реагирал да се отстранат прскалките пред пожарот, рече дека не видел такво нешто.

Бранителката на првоосомничениот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, се обиде да заклучи дека пиротехниката била набавувана од групата ДНК, на што Тонев одговори:

„Не знам, не сум видел. Никогаш не сме разговарале за пиротехниката, туку за репертоарот и звукот. Не сум забележал кој ја активира“,вели тој.

Според него, одоколу 50 настапи со бендот, пиротехника се користела на околу 15 настапи, но никогаш не видел која ја носи или ја поставува.

„Во врска со светлата и другите работи, никој немаше контрола на тоа. Немаме ние сценски настап, само излегуваме и свириме“,кажа гитаристот.

Во 2025 година, како што кажа, забележал дека бината во дискотеката била потесна, плафонот бил понизок и имало повеќе ЛЕД-ефекти, за разлика од 2024 година.

━ повеќе содржини

Един Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби посебен подарок во пресрет на настапот на Светското првенство. Познатото креативно студио Swithadot претстави...

Признание за научната извонредност на Земјоделскиот факултет при УГД – Штип

На денешната промоција на проектот „Академско рангирање АРБУ (Academic Ranking of Balkan Universities)“, одржана во Стопанската комора на Северна Македонија, беа презентирани резултатите од...

Изгаснат е пожарот што вчера изби над Штип

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи...

НАД 110 ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЦИ БАРААТ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПЛАТИ И ПРИДОНЕСИ, А ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ ДОДЕКА СОПСТВЕНИЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ ОБЈЕКТОТ ЗА 2 МИЛИОНА ЕВРА

За деловен објект во кој 17 години работеле над 110 работници во две штипски конфекции на странска компанија од Германија со менаџери од Бугарија,...

Каде се најевтини лежалките на море во 2026 во регионот?

Летната сезона е во полн ек, а илјадници Македонци веќе ги планираат или ги поминуваат своите одмори на плажите во Грција, Албанија и Црна...
spot_img