24.3 C
Shtip
spot_img

Руски онколози создадоа уникатен лек против рак – „Афтотид“ ја лечи болеста во сите стадиуми

Рускиот медицински свет е на раб на историски пробив откако група врвни онколози успешно го развија лекот „Афтотид“, кој, според првичните извештаи, покажува исклучителна ефикасност во лекувањето на рак, без разлика на стадиумот на болеста.

Информациите кои пристигнуваат од Москва велат дека лекот е официјално признат и одобрен од надлежниот руски суд за медицинска и фармацевтска регулатива, по опсежни клинички испитувања и експертски анализи.

„Афтотид“ делува на клеточно ниво, таргетирајќи ги само малигните клетки, без да ги оштети здравите ткива – што претставува револуционерен пристап во онколошката терапија. Првичните резултати покажуваат потполно исчезнување на туморите кај пациенти и во најтешките форми на болеста, вклучително и метастатски карциноми.

Ова откритие може целосно да ја промени медицинската пракса во борбата против рак, а научната заедница со внимание го следи развојот на „Афтотид“ и подготовките за неговата широка достапност на глобално ниво.

Се очекува наскоро лекот да добие и меѓународни сертификати, по што ќе започне дистрибуција и надвор од границите на Русија.

Забелешка: Препорачуваме граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални здравствени институции и да не прибегнуваат кон самолекување.

━ повеќе содржини

Во недела во Штип – OldTimer Car Show!

Во недела со почеток од 11:00 часот Штип повторно ќе биде домаќин на една несекојдневна изложба која ќе ги обедини љубителите на автомобилската историја,...

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...
spot_img