26.5 C
Shtip
spot_img

„СЕЈФ СИТИ“ СТАРТУВА НАСКОРО – ЕВЕ ДО КОЛКУ КИЛОМЕТРИ НАД ОГРАНИЧУВАЊЕТО БИ ТОЛЕРИРАЛ СИСТЕМОТ!

Системот за видео-контрола на сообраќајот „Безбеден град“ е на чекор до целосна примена и, ако сè оди според планот, ќе почне да функционира од 1 февруари.

фото: istockfoto.com

Клучниот услов е изгласување на неопходните законски измени во Собранието, без кои камерите нема да можат официјално да изрекуваат санкции.

Она што најмногу ги интересира возачите е  дали секое, па и најмало, пречекорување на брзината ќе значи казна. Одговорот е не. Според најавите, системот ќе дозволува одредена толеранција, усогласена со европската пракса. Тоа значи дека казнувањето нема да започнува веднаш при минимално надминување на дозволената брзина, туку ќе се применува праг кој ќе се движи во рамки од три до десет километри на час над ограничувањето.

фото:istockfoto.com

Позициите на камерите нема да бидат тајна, тие ќе бидат јавно објавени, а сообраќајната сигнализација на тие делници дополнително ќе се уреди и усогласи со постојните проекти. Намерата е возачите навреме да знаат каде се контролира брзината и да ја прилагодат, наместо системот да се користи исклучиво за казнување.

Пробното функционирање во Скопје веќе покажало конкретни резултати. Во здравствените установи е забележан пад на бројот на тешко повредени лица од сообраќајки, како и намалување на вкупниот број пациенти донесени поради несреќи. Ова се смета за показател дека самото присуство на камерите влијае врз поголема дисциплина кај возачите.

━ повеќе содржини

Штипјанка измамена за скоро 5.000 евра: Лажен директор на финансиско друштво ѝ ветил кредит

Жена од Штип пријавила дека била измамена за повеќе од 4.700 евра, откако лице кое се претставило како директор на финансиско друштво ја контактирало...

Раде и Марјан Ивановски од Штип со златно одличје на “Бланик Куп” во Приједор!

Татко и син од Штип со злато за Македонија на „Бланик куп“ во Приједор: Раде и Марјан Ивановски најдобри во екипна конкуренција. Македонското воздухопловство забележа...

Бројот на запишани студенти на УГД поголем од ланската година!

1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип. Бројот е поголем од лани. 1150 документи се поднесени за упис на УГД Штип, во првиот...

Штипјанка влегла во дом на кумановци, била агресивна и oдбивала да си замине!

Триесет и двегодишна жена од Штип била приведена викендов по пријава дека влегла во куќа во Куманово, била агресивна и не сакала да си...

Штип: Пијан мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во саботата, на 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа...
spot_img