21 C
Shtip
spot_img

Растение кое помага против мигрена! Древните народи се колнеле во него

Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив. Може да се користи и за подготовка на хербален чај, а од неа се прават и креми и лосиони кои имаат чудотворно дејство за нашата кожа.

Еве кои се најголемите придобивки од оваа билка, која сме сигурни дека на пролет сите ја среќавате во дворовите и парковите.

Помага да спиете подлабоко

Ако имате проблеми со инсомнија, чајот од камилица е одличен лек за вас. Неколку студии биле направени на ова поле, и чајот од камилица се покажал како подобар лек за спиење отколку многу хемиски обработени лекарства. Пиењето на шолја чај од камилица пред спиење ќе помогне побрзо да заспиете, и да имате поздрав сон.

Здравје на стомакот

Друг огромен бенефит на камилицата е што таа е еден од најдобрите лекови за проблеми и болки со стомакот и внатрешните органи. Камилицата содржи силни анти инфламаторни и антибактериски својства, кои помагаат да се намали болката во стомакот, грчевите, киселината, надувањето и гасовите.

Лек за мигрена

Чајот од камилица успешно помага и кај луѓето кои патат од мигрена и болката која следува после нападите. Ги прави мускулите порелаксирани и овозможува подобар сон, што е многу корисно бидејќи неспиењето е честа причина за јавување на мигрените. Добро влијае и при главоболки од грип, стрес и нервоза.

Ја осветлува кожата и ги намалува подочниците

Покрај здравствените благодети на камилицата, таа е и една од омилените состојки за луѓето кои посветуваат внимание на убавината и здравата кожа. Чајот од камилица, како средство за миење на лицето е корисен за осветлување на кожата, и за отстранување на темните кругови околу очите.

Хемороиди

За оние кои патат од хемороиди, маста е популарен начин да се ослободат од болката инстантно. Чајот од камилица е одлична состојка за да се направи маст за хемороиди.

Дијабетес

Луѓето со дијабетес можат да уживаат во здравствените благодети на камилицата со пиење на неколку шолји чај дневно. Помага да се управува со дијабетесот и го намалува шеќерот во крвта. Таа успешно го регулира нивото на шеќер во крвта, без да влијае на инсулинскиот систем на лекување.

Го подобрува имунолошкиот систем

Чајот од камилица е најверојатно најдобар чај за подобрување на имунитетот. Неодамнешна студија покажала дека луѓето кои секојдневно конзумираат чај од камилица имаат повеќе од антибактерискиот елемент во телото наречен хипурат. Содржи и антиоксидантни состојки кои помагаат да се изгради силен имунолошки систем.

━ повеќе содржини

Отворен е Shtip Street Food Festival, денес и утре шеталиштето Ванчо Прке ќе биде епицентарот на храната и забавата

Официјално започна долгоочекуваниот „Shtip Street Food Festival“ на новото шеталиште во Штип. Од 12 часот, сите штандови беа подготвени да понудат богат избор на...

СОНЦЕ, МОРЕ И ЗАШТЕДИ: Топ 5 Најевтини Дестинации за Македонци – Лето 2025

Летото 2025 тропа на врата, а со него и желбата за бегство од секојдневието! Но, што ако ви кажеме дека не мора да потрошите...

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА ПОСТОЕШЕ ПРОДОЛЖЕН “СТОЈАДИН“ со шест тркала

Застава 101, популарниот „кец“ или „стојадин“, како што со љубов го нарекувавме, многумина го сметаат за најдобриот автомобил произведен во СФРЈ. Ако не е најдобар,...

ЗЕМЈАТА ЈА ОЧЕКУВА НАЈГОЛЕМАТА СОЛАРНА БУРА во последните 14.300 години, предупредува науката

Огромен космички настан од пред околу 14.300 години бил толку моќен што оставил забележлив белег на нашата планета. Во делумно фосилизираните стебла на древни дрвја и ископаните јадра од милениумски...

Општина Штип денеска спроведува дезинсекција и дератизација против комарци и стаорци

Денес, Општина Штип ќе спроведе втора ларвицидна дезинсекција на својата територија! Третирањето ќе се изврши в периодот од 09:30 до 13:30 часот,а ќе бидат...
spot_img