34 C
Shtip
spot_img

Јелена Томашевиќ се сруши на бина, итно пренесена во болница

Јелена Томашевиќ го прекина концертот во Бар по една испеана песна, откако ѝ се слоши на бината пред преполната сала. Таа и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ, од 7 до 10 март треба да одржат 4 концерти во Македонија.

Јелена Томашевиќ, вчеравечер имаше концерт во Домот на културата во Бар, но по само една испеана песна, таа се срушила на бината.

Концертот веднаш бил прекинат, а пејачката ја пренеле во болница, пишуваат српските медиуми.

Според нив, Јелена само што почнала да ја пее втората песна, кога клекнала на колена пред салата која била полна до последното место. По ова кон неа притрчале членови од бендот и ја однеле зад сцената.

Оттаму, таа е пренесена во болница, а организаторите ја известиле публиката дека концертот ќе мора да се откаже поради нејзиното нарушеното здравје.

Брзо по ова, општина Бар излезе со соопштение за нејзиното здравје, велејќи дека таа се чувствува добро.

Тие на Инстаграм, објавија фотографија од Јелена, па напишаа:

„Општина Бар ја информира јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт претходно беше прекинат поради здравствени проблеми, се чувствува добро по добивањето медицинска помош.

За време на настапот ѝ се слошило на сцената, по што медицинскиот тим брзо реагирал и ѝ ја пружил потребната помош.

Според информациите од нејзиниот тим, здравствената состојба на Јелена сега е стабилна.

Сакаме да им се заблагодариме на одделот за итна медицинска помош во Бар за нивната брза и професионална реакција, како и на лекарите кои се нашле во публиката и веднаш дошле на помош.

Посебна благодарност до публиката за нивното разбирање и смиреност“.

Брзо по ова, се огласи и сопругот на Јелена, актерот и музичар Иван Босиљчиќ.

Тој преку Инстаграм Стори (кое го сподели и Јелена), им се заблагодари на сите што му пишале да го прашаат за нејзиното здравје.

„Ви благодарам на сите на грижата и бројните пораки во знак на поддршка.

Во деновите кои му претходеа на концертот, Јелена имаше вирус и блага малаксаност. Но, водена од големата почит кон публиката и желбата да го одржи договорениот настап, реши да излезе на сцената.

За жал, поради здравствената состојба не била во можност да го заврши концертот.

Најважно е дека Јелена сега се чувствува добро и се радува на следната средба“, напиша тој, а се заблагодари и на медицинскиот персонал за брзата реакција и на сите кои ѝ помогнале на Томашевиќ.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img