28.3 C
Shtip
spot_img

Во сендвичара “Седмица” лани „изедени“ 4,9 милиони евра!

Не примаат онлајн нарачки. Не вршат достава. За плаќање, картички – не, само кеш. Старомодни се, но тоа не им пречи на фановите на „Седмица“. Работат турбо неколкуте сендвичари и ресторанот во Скопје. Толку добро, што лани биле продадени разни видови сендвичи, тостови, со или без додатоци, пирошки, пијачки… за 4,9 милиони евра. Навистина, за сто илјади евра помалку од преклани.

Но затоа, две години по ред профитот е над милион евра. Во 2024 – еден милион и 67 илјади евра. За 2023 добивката е послаба за 24 илјади евра.

Од податоците на Бизнис мрежа се гледа дека до плусот кај добивката за минатата година е дојдено преку двата минуси што се обележје и на приходната и на расходната страна. Вкупните лански приходи на „7 Фаст фуд“ се за 2,64 проценти пониски од прекланските. Сепак, делотворно е дејството на намалените трошоци за 3,94 отсто. Тоа е и основата за растот на профитот.

Кој се храни во сендвичарите „Седмица“ знае дека е потребно да се застане во ред и да се почека додека се пристапи и да се порача. Исто така, не може да не се забележи дека вработените се брзи и добро воиграни.

Минатата година тимот броел 93 вработени. За 2,11 проценти помалку во однос на 2023, кога за да биде сѐ во ред во „Седмица“ се грижеле 95 лица. Со помалку персонал, кој броел 86 лица, познатата сендвичара функционирала во 2022 година.

Кога е „Седмица“ во прашање, за цените не се прашува и не се коментира (што се гледа и од прометот). Сендвичот со плескавица е 210 денари. Хамбургерот – највкусниот во градот со помфрит, кечап и мајонез (како што пишува во нивното мени), чини 250 денари, сендвичот со пилешко и кашкавал 290 денари, а најскап е „биг мек“ – 300 денари.

Тоа е „Седмица“. Сендвичарата именувана по датумот на септемврискиот ден во 1987 година, кога биле направени и продадени првите сендвичи со плескавица. И по кои, без оглед на големата понуда, овој бренд за брза храна е препознатлив речиси 38 години.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img