32.7 C
Shtip
spot_img

Расте бројот на деца со прекумерна тежина, 13,7 отсто од нив живеат со дебелина

Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 – годишна возраст во Македонија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на дебелината.

Од Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина – што е над просекот на Eвропскиот регион, 25 проценти и 11 отсто, соодветно.

– Зголемената телесна тежина и дебелината е почеста кај момчињата во споредба со девојчињата. Само 25 проценти од децата секојдневно јадат свежо овошје – ова е најниската дневна консумација на овошје во целиот европски регион. Вкупно 20 проценти консумираат свеж зеленчук секој ден – што, исто така, е меѓу најниските нивоа во Европа. Солени грицки консумираат 40 проценти од децата – најмногу во однос на државите вклучени во COSI студијата во европскиот регион. Повеќе од половина или 51 отсто од децата редовно консумираат слатки грицки три или повеќе дена во неделата, соопштија од ИЈЗ.

Кога станува збор за физичка активност, 40 проценти од децата поминуваат повеќе од два часа дневно пред екрани – телевизија или електронски уреди, 63,3 отсто од децата пешачат или возат велосипед до училиште – кај оние кои живеат на растојание до два километра, оваа навика ја практикуваат дури 89 проценти, 94 отсто од децата секојдневно имаат најмалку еден час активна игра со умерен до силен интензитет, 48,2 отсто активно спортуваат или танцуваат повеќе од два часа неделно. Големо мнозинство, 88,6 проценти, спијат најмалку девет часа навечер.

Од ИЈЗ споделија податоци и за социјални фактори и перцепција на родителите.

– Децата со зголемена телесна тежина и дебелина живеат во семејства чиишто родители имаат низок или среден степен на формално образование. Децата кои практикуваат навики коишто поддржуваат здравје живееле со родители коишто имале повисок степен на образование. Постои ниска свесност кај родителите за препознавање на зголемената телесна тежина и дебелината кај нивните деца. За повеќе од половина од децата коишто живеат со зголемена телесна тежина и – или дебелина, родителите перципирале дека телесната тежина на нивните деца е во препорачани граници на „нормална телесна тежина“, додадоа од ИЈЗ.

Според ИЈЗ, овие резултати ја нагласуваат итната потреба од системски интервенции во училишната и семејната средина на децата, со цел да се промовира нивен здрав раст и развој.

– Интервенции се потребни и во други области. Реформулацијата на храната, информациите поврзани со храната, рекламирањето, урбаната околина и можноста за практикување безбедно движење и физичка активност се само дел од нив, порачаа од Институтот.

━ повеќе содржини

Општина Штип додели 56 стипендии за ученици спортисти

Општина Штип стипендира 56 ученици спортисти во екипни и поединечни спортови. По 3.000 денари месечно ќе добиваат 18, по 4.000 денари 31, по 5.000...

„Долго време психички ме малтретираше, па ме претепа“: Штипјанка го пријавила сопругот во полиција

Вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишија од слобода Б.В.(39) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна...

Во петок ќе гледаме фудбал под рефлектори!

Во натпревар од шестото коло од првата македонска фудбалска лига, во петок (04.09) штипска Брегалница ја пречекува Шкендија Арачиново на градскиот стадион во Штип....

Последен врел ден, од утре драстичен пад на температурите!

Септември утре ќе започне како продолжение на август, со сончево и многу топло време и температури кои во најтоплите делови од Македонија ќе достигнат...

Штипјанец наместо да се лекува крадел од простории за вработени на скопска клиника

На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип....
spot_img