28.6 C
Shtip
spot_img

Прекин на работа во сите сектори на Општина Штип поради реконструкција на електричната мрежа од страна на ЕВН

Штип, 16.05.2024: Денеска, поради вршење на реконструкција на електричната мрежа и проблеми во локалната трафостаница, зградата на Општина Штип и околните реони останаа без електрична енергија. Како резултат, сите сектори во општината не работат до понатамошно известување.

Прекинот е предизвикан од неопходни реконструктивни работи на електричната мрежа кои целат да ја зголемат стабилноста и безбедноста на снабдувањето со електрична енергија во овој дел од градот. Овие мерки се превентивни и неопходни за избегнување идни компликации кои би можеле сериозно да влијаат на функционирањето на општинските служби.

Општината апелира до граѓаните за разбирање и стрпливост додека траат ремонтните работи и ги информира дека се преземаат сите потребни мерки за што поскоро нормализирање на состојбата. Исто така, се препорачува на граѓаните да ги одложат своите планирани посети до општината за време на прекинот на електричната енергија.

━ повеќе содржини

Фудбалска “бомба” во Штип!

Матеј Ангелов е нов играч на Брегалница! Тој е повратник во плавиот дрес, со оглед на фактот дека кариерата ја започна во својата матична...

После 30 години од смртта на Tupac, ново судско рочиште за утврдување на вина

Во пресрет на судењето на Дуан Кеф Д. Дејвис, закажано за 10 август, деталите за пукањето во Лас Вегас во 1996 година, во кое...

Се снима “Мравки” – нов Македонски игран филм!

Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на...

Село Љуботен на големо се спрема за претстојниот голем празник Св.Петка!

Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата...

Штипските Соколи годинава ќе “летаат” во Супер лигата?

Низа перипетии и нејаснотии ја тресат Македонската кошаркарска федерација деновиве. Имено, после истекување на рокот за подмирување на долговите и уплата на аконтација за...
spot_img