21.4 C
Shtip
spot_img

Поранешниот телохранител на Мајкл Џексон откри шокантни детали: „Беше страшно она што ни се случуваше“

Поранешниот телохранител на славните личности, Сајмон Њутн, откри какво било навистина да се работи како обезбедување на Мајкл Џексон – опишувајќи ја работата како „невозможна“.

Сеќавајќи се на еден инцидент кога избезумените обожаватели се обиделе да дојдат до Мајкл Џексон ползејќи му низ нозете на Сајмон, професионалецот за обезбедување признал дека тоа било „страшно“ за покојниот Мајкл.

„Работата со Џексон беше невозможна и постојана. Имавме обожаватели кои ги држеа такси возилата цел ден, само за да скокнат во нив штом Мајкл ќе ја напушташе локацијата – или возеа скутери за да нè следат.“ вели Сајмон во ексклузивно интервју за време на Канскиот филмски фестивал, пишува „Мирор“.

Тој додаде: „Тие дури се обидуваа да ни се протнат под нозете за да стигнат до него, тоа беше сосема ново ниво. Бевме поделени на четири автомобили, но тоа не ги спречи. Имаше толку многу негови луѓе околу себе па затоа не се чувствуваше толку исплашено, но го влечеа во сите правци, па затоа не му беше лесно.“

Сајмон работеше за Мајкл Џексон, а неговите поранешни клиенти се Бела Хадид, Џиџи Хадид, Рита Ора, Кендал Џенер и Халси – сите со кои тој лично се грижеше додека патуваа од САД до Велика Британија.

Иако ја напуштил работата како телохранител, Сајмон сè уште поседува сопствена компанија за обезбедување.

Сепак, денес Сајмон се обидува да влезе во светот на актерството и неодамна се врати на основата, се запишал на драмско училиште, кое го опишува како „пострашно“ од воените или работните места како телохранител што ги вршел претходно.

„Работев како телохранител и бев во Авганистан и Ирак доста време, што е, секако, опасно, но не беше толку страшно како школата за глума. Порано, излегувањето од мојата зона на удобност можеше да ме убие, но сега барем знам дека ништо нема да ми се случи. Не сум роден актер, но не сум ни најлошиот – и навистина уживам во тоа.“ вели тој.

Тој веќе има добар почеток – неодамна заврши со снимањето на својот нов филм „Одмазда“, кој треба да излезе во ноември оваа година. Сепак, поради неговиот физички изглед, тој вели дека често е ангажиран за улоги на „опасни момци“ – телохранители, полицајци, гангстери, боксери.

━ повеќе содржини

ОД 1 ЈУЛИ ДО 31 АВГУСТ ЗАБРАНЕТО ВОЗЕЊЕ СКУТЕРИ ВО ОХРИДСКОТО, ДОЈРАНСКОТО И ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31...

Супер атрактивната Аделина Тахири во летно жешко-раскошно издание!

Атрактивната албанска пејачка со скопска адреса на живеење, Аделина Тахири важи една од оние која живее раскошен живот. Луксузот во секој сегмент и е лесно...

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена

Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето...

Градоначалникот и неговиот тим не запира: Изградена пристапна улица до штипската Индустриска зона Македонка во Штип

Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите...

Се спремна духовна свеченост во сабота во Штип!

Штип на 6 јуни ќе биде домаќин на значаен духовен настан за православните верници. Според најавата од организаторите, во сабота, со почеток во 17:00...
spot_img