25.7 C
Shtip
spot_img

Помошта на семејствата погодени во пожарот им треба ВЕДНАШ

Сограѓани на најблиските погодени од катастрофалниот пожар во Кочани апелираат до сите здруженија, хуманитарни организации, Црвен Крст и оние кои собираа средства, финансии да им бидат пуштени сега зошто, како што се наведува се во тешка состојба.

„Повици доаѓаат од сите страни за финансиска помош, луѓето чии деца се сместени во странство се финансиски исцрпени немаат леб да јадат. Исто така и на дел од починатите родителите се во тешка состојба. Пуштете им ги средствата СЕГА кога им се потребни да преживеат. Некои се на еден оброк дневно за да бидат таму со своето дете. Финансии има собрано за сите и човечки е СЕГА да им се помогне. Ѕвонете, побарајте сметка, нема еден таков на кого сега не му се потребни финансии. Од разговор со луѓе патуваат и по 30 км до болница, од храна е вклучен доручек а за потоа немаат, ВЕ МОЛАМ ИЗЛЕЗЕТЕ ВО ПРЕСРЕТ КОГА Е ПОТРЕБНО, ДРУГИ ЖРТВИ НЕ НИ ТРЕБААТ. Лечењето ќе биде долго и не чекајте. Ве молам споделете!!!“, се шири во апелите на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, во Кочани, неколку ентузијасти и волонтери формираат тим кој ќе раководи со вебсајт преку кој ќе се организираат насоките за помош на повредените.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img