10.8 C
Shtip
spot_img

Познатиот штипски музичар Виктор Манев – Мана ја оствари својата желба од детството – рачно изработи своја гитара!

Познатиот штипски гитарист и музичар Виктор Манев – Мана денес ни го презентираше остварувањето на неговата желба од најмали нозе – рачно да изработи своја гитара.

Виктор на оваа изработка посвети многу време, внимание, енергија и трпеливост. Резултатот – перфектен! Техниките кои ги користеше во иработката се резбање, гравирање и пирографија. Материјалите што ги користеше: за “телото” на инструментот употреби барен орев, стар повеќе од 25 години, додека за “вратот” на ова ремек дело користеше 30-годишен јавор. Магнетите се EMG David Gilmore DG20.

Погледнете го процесот на изработка во нашата мини галерија:

Инаку, Виктор е познат штипски изведувач кој настапува со многубројни локални и регионални поп-рок групи. Негов главен инструмент е гитарата, на која маестрално ја покажува својата виртуозност. Покрај музицирањето, Мана поседува специфичен вокал, кој никого не остава рамнодушен на неговите настапи.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница со хуманитарна крводарителска акција!

Од маркетинг секторот во фудбалскиот клуб Брегалница известуваат дека започнуваат со реализација на проекти поврзани со општествената одговорност. Имено, во понеделеник (05.10) во соработка со...

Утре (01.10) започнува јубилејната 10-та Текстилијада!

Утре во Штип започнува јубилејното десетто издание на „Текстилијада“, кое од 1 до 3 октомври ќе понуди три дена исполнети со разговори, конференции, работнички...

Штипјанецот Коки Јанков со нов хит-сингл!

Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна,...

EMIGRANTI Production објави мини-документарец за 12-годишниот Даријан Јакимов

Вчера во 18:00 часот по британско време, EMIGRANTI Production го објави новиот мини-документарец посветен на 12-годишниот Даријан Јакимов и неговото музичко патување од...

Заврши Golden Piano Talents натпреварот во Штип!

Седумдесет млади пијанисти од Кина, Италија, Полска, Турција, Грузија, Романија, Србија, Германија, Словенија, Бугарија и други земји настапија на петтото издание на Меѓународниот пијанистички...
spot_img