30 C
Shtip
spot_img

Македонски и бугарски фудбалски легенди ќе одиграат хуманитарен натпревар за настраданите во Кочани

Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

– На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Република Северна Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани, објавија бугарските медиуми.

На натпреварот за тимот „Ѕвезди 94“ од Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД.

Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Христо Стоичков, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Александриков, Георги Георгиев, красимир Балаков и Ивајло Андонов го потврдија своето учество.

На натпреварот за Бугарија ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божинов.

Македонската репрезентација ќе ја предводи нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев. Тој е поранешен напаѓач на Наполи, Интер и Лацио со кои освои голем број трофеи, меѓу нив и Лигата на шампионите.

━ повеќе содржини

Строг закон за коцкање: 500 метри подалеку од училишта

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции...

Замрзнатото месо има рок на траење: еве колку долго може да се чува во замрзнувач

Правилното складирање на храната, особено месото, е исклучително важно за зачувување на нејзиниот квалитет и здравје. Иако замрзнувањето го продолжува рокот на траење, секој вид...

Весна го одгледува најскапиот зеленчук во светот: Килограм чини дури 20.000 долари

Додека многумина ја напуштаат селската средина во потрага по подобар живот, Весна Бошњак од населбата Омањска во Босна и Херцеговина останува верна на земјоделството...

„РОАМИНГ КАКО ДОМА“ – највисок приоритет за Македонија, порача министерот Андоновски

Македонија да се приклучи кон европскиот режим „Роаминг како дома“ без одложување веднаш штом пристигне мислењето за предложената правна рамка, побара министерот за дигитална...
spot_img