20.1 C
Shtip
spot_img

Кошаркарите на Соколи од Штип утре ќе играат натпревар за трето место

Утре (четврток) во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во Скопје, ќе се одигра натпреварот за трето место и финалето во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Штипски Соколи против вториот тим на МЗТ Скопје ќе се соочи во натпреварот за трето место. Соколи во полуфиналето загуби од Ангели со 2-1 во полуфиналната серија, а пак вториот тим на МЗТ Скопје загуби со 2-0 во полуфиналната серија од Маџари.

Натпреварот за трето место меѓу Соколи и вториот тим на МЗТ Скопје ќе започне во 17:30 часот.

Во големото финале ќе се соочат Маџари и Ангели, двете екипи кои изборија влез во Првата кошаркарска лига на Македонија. Маџари ќе биде дебитант во кошаркарската елита на Македонија, додека пак екипата на Ангели по неколку сезони се враќа во Првата кошаркарска лига.

Финалето кое ќе одлучи кој ќе биде шампион во Втората кошаркарска лига ќе започне во 20 часот и се игра исто така во спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во Скопје.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img