11.7 C
Shtip
spot_img

Искористете ги лушпите од велигденските јајца за дворот на најневеројатен начин – идеи за спектакуларни ефекти

Ако по велигденските празници ви останале многу (обоени) лушпи од јајца и се прашуваш што да правите со нив, овие идеи ќе ве доведат до идеалното решение. Наместо да ги фрлате, искористи ги на креативен начин и направете спектакуларна декорација за вашиот двор.

Еве неколку практични и едноставни предлози:

Свеќи во лушпи од јајца – чекор по чекор

Подготовка на лушпите

Земете неколку јајца и внимателно искршете ги само во горниот дел, така што долниот дел ќе остане како мало „чашче“ – доволно длабоко за да може да се истури восок во него. Добро исплакнете ја внатрешноста и оставете да се исуши. Најдобро е да ги користите обоените велигденски јајца, бидејќи ќе изгледаат поубаво и повесело.

Поставување на лушпите

За да не се превртуваат, лушпите треба да се поддржат. Може да ги ставите во држачи за јајца, во мали чашки, во кутија со песок, или да направите основа од пластелин или алуминиумска фолија – сè што ќе им даде стабилност додека се полнат со восок.

Подготовка на восокот

Земете парафински восок или остатоци од стари свеќи. Ставете го во сад што може да се стави над пареа (најдобро е да го стопите восокот на пареа, не директно на шпорет). Ако сакате, додадете неколку капки етерично масло за мирис и боја за дополнителен ефект.

Поставување на фитилот

Пред да го истурите восокот, подгответе краток фитил (може да се купи готов или да се направи од памучен конец натопен во восок). Држете го фитилот исправен во центарот на лушпата – може да го фиксирате со дрвено стапче поставено хоризонтално над лушпата, така што фитилот да виси надолу до дното.

Истурање на восокот

Полека истурете го растопениот восок во лушпата, внимавајќи фитилот да остане исправен. Не ја полнете лушпата до самиот врв – оставете неколку милиметри.

Ладење и стврднување

Оставете ги свеќите да се стврднат природно, на собна температура. Откако ќе се оладат и стврднат, внимателно отстранете го држачот за фитил (ако сте го користеле), и пресечете го фитилот на соодветна должина (околу 1 см над восокот).

Резултат? Ќе добиете мали, шармантни свеќи во велигденски лушпи, кои изгледаат прекрасно поставени на дворна маса, тераса или на надворешен прозорец. Освен што се декоративни, внесуваат топлина и свечена атмосфера, особено навечер. Можете да ги наредите во група или да ги искористите како дел од поголема велигденска декорација.

Мини вазни за цвеќе или билки

Лушпите можете да ги искористите и како симпатични мини вазни. Само внимателно отстранете го горниот дел од јајцето и отстранете го внатрешниот дел (ставете го во друг сад, за јадење).

Потоа, наполни ги лушпите со малку почва и засадете микрорастенија, миницвеќиња или ароматични билки како нане и босилек. Поставени во дрвени палети или корпи, ќе изгледаат како прекрасна инсталација.

Фигурки од животни

Со малку креативност, лушпите од јајца можат да се претворат во мали животинки – пилиња, зајчиња или пајчиња.

Внимателно отстранете го горниот дел од јајцето и отстранете го внатрешниот дел (ставете го во друг сад, за јадење).

Залепете мали детали од филц, хартија или ткаенина за да направите очи, клун, уши или крилца. Овие украси се идеални за поставување на тревник или помеѓу цвеќињата.

Мозаик од обоени лушпи

Обоените лушпи од јајца можете да ги скршите на ситни парчиња и да ги искористите за изработка на мозаик. На пример, залепете ги на саксии, на рамки за фотографии, на камења или дури и на патеки од дворниот простор. Овој тип на декорација изгледа прекрасно и додава уметнички елемент во надворешниот простор.

Органско ѓубриво за градината

Лушпите од јајца се одличен извор на калциум и други минерали. Можеште да ги сомелете во блендер или да ги здробите со рака и да ги посипете околу растенијата. Освен што го збогатуваат земјиштето, делуваат и како природна заштита од полжави и други штетници. Ова е совршен начин да ги искористите на одржлив и еколошки начин.

Сите овие идеи не само што се декоративни, туку се и одржливи и целосно природни. Наместо да создавате отпад, создадете уметност.

━ повеќе содржини

Првомајски снежен пикник на Златибор и Копаоник!

Златибор и Копаоник осамнаа утрово под снегот што сè уште вее. На Копаоник, во 7 часот, температурата беше измерена на минус 3 степени. Во моментот...

Општина Штип продава три градежни парцели за лесна индустрија и стовариште во Плуждино

Три градежни парцели во месноста Плуждино се продаваат преку јавно надавање. Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова денеска информираше дека Општината ја објави втората...

Слабеењето не е магија – Една и единствена формула за губење на килограмите!

Слабеењето често се доживува како краткорочен процес, но вистинскиот предизвик е одржување на постигнатата тежина. Според експерти од областа на исхрана и фитнес, постои...

Од бравар до Mаршал: животот на Јосип Броз Тито меѓу скромност и луксуз

Роден на 7 мај 1892 година во селото Кумровец, во тогашната Австроунгарска, Јосип Броз Тито потекнува од скромно, мешано хрватско-словенечко семејство. Неговиот животен пат...

“Пештерата на кристалите” – место во кое не смеете да останете подолго од 15 минути

Длабоко под планината Сиера де Наика, во мексиканската сојузна држава Чивава, се наоѓа едно од најнеобичните природни чуда во светот – пештера исполнета со...
spot_img