11.6 C
Shtip
spot_img

Европа против Temu, Унијата најави фиксна царина на мали пратки

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како што се кинеските „Шеин“ и „Тему“, изјави комесарот за трговија и економска безбедност, Марош Шефчовиќ.

Свет

Брисел предлага нова такса од две евра за пакет за купувања од платформи како „Тему“

Објавено пред 1 час 

 – 21 мај, 2025

Од В. Ј. / Макфакс

Европската комисија размислува за воведување такса од 2 евра за пакет за пратки надвор од ЕУ купени преку онлајн-платформи, како што се кинеските „Шеин“ и „Тему“, изјави комесарот за трговија и економска безбедност, Марош Шефчовиќ.

Како што објави РТВЕ, станува збор за таканаречената управувачка такса, која би ги покривала трошоците за обработка на голем број мали пакети што влегуваат во ЕУ, а не за нов данок, прецизира Шефчовиќ за време на дискусијата во Комитетот за внатрешен пазар на Европскиот парламент.

Според написите, комесарот за трговија Марош Шефчовиќ пред Европскиот парламент претставил дека предложил надомест за ракување со пратки за „справување со предизвиците што ги претставуваат 4,6 милијарди пратки доставени директно до адресите на граѓаните годишно“. Според нацрт-предлогот на Европската комисија, според „Фајненшл тајмс“, за директна продажба до крајните корисници ќе се применува такса од 2 евра, а за пакетите што пристигнуваат во магацините ќе биде 0,50 центи.

Дел од приходите од таксата ќе се користи за покривање на трошоците за дополнителни царински проверки, а остатокот ќе оди директно во буџетот на ЕУ. Повеќе од 90 проценти од пратките доаѓаат од Кина.

Овој потег следува по сличен таков на САД, кои одлучија да го укинат својот режим de minimis, кој ги ослободуваше пратките во вредност помала од 800 долари од царина и документација.

Шефчовиќ на пратениците во Брисел им рече дека „огромниот бран пакети претставува сосема нов предизвик во однос на контролата, безбедноста и обезбедувањето усогласеност со стандардите“. На пазарот на ЕУ е забележано зголемување на бројот на опасни и несоодветни производи, а трговците во Унијата сè повеќе се жалат на нелојална конкуренција.

Шефчовиќ нагласи дека овие пратки создаваат огромен товар за царинските службеници. „Не би ја сметал оваа такса како данок, туку, едноставно, како надомест на трошоци што платформите треба да ги платат“, додаде тој.
Според податоците собрани од „Фајненшл тајмс“, само Холандија и Белгија, како главни логистички центри на ЕУ, минатата година примиле повеќе од една милијарда пакети.

Ана Кавацини, пратеничка од германските Зелени и претседателка на парламентарниот Комитет за внатрешен пазар, го поддржа планот. „Важно е да се воспостави контрола. Ова ќе ги охрабри продавачите повторно да се обратат во магацините, како што правеа претходно. На царината многу им е полесно да проверуваат примероци од поголема пратка отколку од поединечни артикли“, изјави таа за „Фајненшл тајмс“.

„Тему“ и „Шеин“ сè уште не ги коментираа овие најави.

Се очекува земјите членки да го вклучат овој надоместок во поширок пакет-реформи на царинските правила, што вклучува построги контроли и подобра координација во рамките на единствениот пазар. Како дел од реформата ЕУ планира да го укине сопственото ослободување de minimis за пратки помали од 150 евра. Ова би ги принудило платформите да се регистрираат за ДДВ, со што првпат ќе преземат одговорност за квалитетот на стоките како увозници.

Предлогот беше презентиран на Комисијата минатата недела од страна на комесарот за буџет, Пјотр Серафин, како една од опциите за зголемување на приходите на буџетот на ЕУ.

━ повеќе содржини

Марија Патраклиска од Штип е меѓу 30 најуспешни жени-менаџери во Македонија!

Штипјанката Марија Патриклиска меѓу 30 најуспешните жени менаџери во државата Агенцијата Марили по 30-ти пат ќе ги додели признанијата на најуспешните жени менаџери од земјава,...

Штипски крими-билтен: Штипјанец нападнат од Турски државјанин поради долгови!

Штипјанец пријавил напад од страна на Турски државјанин поради долг. Полицијата превзеде мерки за расчистување на случајот На 20.04.2026 во 15:40 часот во СВР Штип,...

Штипскиот монструм Асанов, кој ја убил Борјанка Николова, денес ќе ги слушне завршните зборови на обвинителот

Во Основниот суд во Штип денес ќе се изнесат завршните зборови за убиството на 79 годишната Борјанка Николова. Ќе се спротистават аргументите на двете...

И пркоси на годините – Лидија Вукиќевиќ изгледа неверојатно и во седмата деценија!

Легендарната актерка Лидија Вукиќевиќ уште еднаш докажа зошто важи за една од најнегуваните жени на Балканот. Иако е во седмата деценија од животот, на нејзиниот изглед...

Колку се безбедни спакуваните салати? Брз и „здрав“ оброк или ризик на чинија?

Претходно измиените, спакувани салати за многумина се прв избор кога сакаат брз и „здрав“ оброк без многу подготовка. Но, експертите за безбедност на храна предупредуваат...
spot_img