19.4 C
Shtip
spot_img

Викендов започнува зимското сметање на времето

Во недела, 26 октомври, во 03:00 часот завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за промена на сметањето на времето во земјава, како што посочуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

━ повеќе содржини

Невреме и поројни дождови се очекуваат на Халкидики!

Црвен аларм во Грција: Невреме со град, силен ветер и поројни дождови се очекуваат во Халкидики и Солун Црвен метеоаларм е издаден во Грција поради...

На територија на Штип за 4 дена изгореа 5 автомобили!

Вкупно пет возила изгореа за само четири дена во Штип. Само во текот на вчерашниот ден се запалија две возила, едното на паркинг просторот...

Две млади момчиња глумеле полицајци во Штип!

Двајца 22-годишни мажи од Штип и Псача се соочуваат со кривична пријава откако, според сомнежите на полицијата, се обиделе да влезат во дом на...

НОВА ШОПИНГ-ДЕСТИНАЦИЈА ВО ШТИП: Големо отворање на новата продавница на Sara Fashion & Home во „Штип Сити Мол“

Жителите на Штип и на целиот источен Источен регион Регион добиваат ново,модерно место за шопинг. На 29 јули (среда), водечкиот домашен бренд заоблека, долна...

Одбојкарот Стефан Алексов замина во играчка пензија, но со нов ангажман во клубот!

Спортистот на град Штип за 2024 година Стефан Алексов со ново спортско поглавје во кариерата. Од денес, тој е асистент тренер во неговиот матичен...
spot_img