19.9 C
Shtip
spot_img

Слушавте ли детонации во текот на вчерашниот ден? Што го тресеше Штип до доцна синоќа?

Изминатиот викенд, особено вчера, во Штип буквално се тресеше и одекнуваа експлозии, што понекогаш наликуваа на грмење, но често, како што сведочеа штипјани во становите на повисоките катови, и мали потреси. Вака беше се’ до пред 22 часот.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваа прашања за тоа што се случува, некои го поврзуваа со минирањето на земјишниот дел кај браната на Отиња, која е во изградба.

Меѓутоа, во случајот, детонациите доаѓаа од Криволак, каде во тек е вежбата ,,Junction City 2025″, во организација на 173-та воздухопловна бригада на Армијата на САД, а со поддршка од АРМ.

„Вежбата ,,Junction City 2025″ придонесува за унапредување на оперативната готовност и заедничката обука на сојузничките сили со цел зголемување на стабилноста, безбедноста и соработката во регионот.  173-та воздухопловна бригада претставува контингентна сила за брз одговор на Армијата на САД во Европа, распоредена во Италија и Германија, подготвена да изврши распоредување и дејствување во краток рок на сојузничките операции. Преку вежбовните активности ќе се зајакне подготвеноста и огнената моќ на падобранските и артилериските единици преку повеќе видови на активности во реални услови и сценарија. Припадниците на 173-та воздухопловна бригада ги усовршуваат тактиките на координиран оган, интеграција на нови беспилотни системи и извршување на командно-контролни процедури во динамична и комплексна средина, соопштија од АРМ.

Вежбата ќе трае уште денеска и утре.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img